05 Декември, 2025
0.0314

АДВОКАТСКАТА КОМОРА МУ ОДГОВОРИ НА КОЦЕВСКИ: Aдвокатите со ништо не го нарушиле угледот на Судот

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2025 20:19

Добивај вести на Viber

Адвокатската комора реагира на дописот од државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски за предметот „Пулс“.

„Ја информираме јавноста дека Адвокатската комора на Македонија денес, 13 октомври 2025 година, го прими дописот од Јавниот обвинител на Македонија во врска со предметот за пожарот во дискотеката во Кочани, и со внимание ја разгледа неговата содржина. Адвокатската комора најостро реагира на наводите во дописот од Јавниот oбвинител, Љупчо Коцевски и ги оценува како неосновани истите од следните причини: 

Во дописот неосновано се тврди дека адвокатите изнесуваат свои ставови и коментари по однос на поднесеното обвинение „без воопшто да се запознаени со содржината на обвинението и доказниот материјал.“ Ова не е точно, бидејќи сите адвокати го имаат добиено обвинението, а со поднесување на обвинението истото е достапно за јавноста со што се достапни и сите наводи и докази во обвинението. Во дописот е наведено дека адвокатите постапуваат спротивно на Кодексот за професионална етика на адвокатите со кој се должни да го чуваат угледот на судот и институциите пред кои се јавуваат. Во контекст на ова, напоменуваме дека адвокатите со ништо не го нарушиле угледот на Судот. Согласно Уставот, законите, одлуките на Европскиот суд за човекови права, како и Конвецијата на Советот на Европа за заштита на професијата адвокат, истите имаат право и должност на слобода на изразување, односно да изнесуваат правни мислења, критички осврти или коментари поврзани со постапки од јавен интерес. Исто така, согласно горецитираните домашни и меѓународни акти, адвокатите имаат право да ја информираат јавноста за прашања поврзани со случаите на нивните клиенти. Од наводите во дописот не произлегува дека адвокатите го нарушиле угледот на судот и институциите пред кои се јавуваат. Ова дотолку повеќе, што досега немаме никаква реакција од судовите дека им бил нарушен нивниот угледот. Останува нејасно зошто Јавниот обвинител навлегува во надлежноста на судот“, велат од Адвокатската комора. 

Во изминатиот период, додаваат дека повеќе правни експерти, стручната јавност, како и лица компетентни за следење на судските постапки недвосмислено укажуваа дека со оглед на бројот на обвинети лица, како и бројот на оштетени лица очекувано е дека судската постапка ќе трае долго. 

„Оттаму е безмалку зачудувачка реакцијата во дописот кога истото го навестуваат и адвокатите. Адвокатската комора будно ги следи случувањата и постапувањата во врска со трагичниот настан и досега нема утврдено дека ниту еден од адвокатите, на било каков начин ја одолговлекувал или оневозможувал постапката. Ова, особено поради фактот што до подигнувањето на обвинението, Јавното обвинителство беше единствено тоа кое што ја водеше истрагата, ги обезбедуваше доказите и утврдуваше кои лица ќе бидат обвинети и за какви противзаконити дејствија. Согласно принципите на тајноста на истражната постапка, адвокатите во ниту еден момент не можеа, а и не преземаа било какви дејствија за спречување, односно одолговлекување на овој дел од кривичната постапка. Сакаме да истакнеме дека Јавното обвинителство беше тоа кое што во изминатиов период на прес конференции наведе поединечно кои лица се обвинети, кои лица какви дејствија преземале и за што се обвинети и тоа уште пред да стапи обвинителниот акт на сила. Во интерес за правилно известување на јавноста, Ве информираме дека адвокатите не се тие кои влијаат на времетраењето на истражната постапка, ниту пак би влијаеле на претстојната судска постапка. Напоменуваме дека во конкретниот случај има повеќе од 60 жртви и повеќе од 200 оштетени лица. Ова го кажуваме со цел да објасниме дека адвокатите во кривично правниот предмет покрај тоа што се бранители на обвинетите, се појавуваат и како полномошници на оштетените што недвосмислено води до заклучок дека никој од адвокатите нема тенденции да ја одолговлекува судската постапка. Во оваа прилика сакаме да истакнеме дека Судот вложи максимални напори за да обезбеди услови за почеток на судската постапка по овој предмет. Ги цениме напорите на Судот, како на организациски, така и на професионален план, свесни дека во постапката ќе учествуваат огромен број на учесници. Да бидеме појасни, Јавното обвинителство не е суд, туку странка во постапката, па оттаму наводите во дописот ги сметаме за директно мешање во работата на адвокатите, повредувајќи ја независноста на адвокатската дејност, а недвосмислен е и впечатокот дека ова е обид да се замолчи и спречи одбраната и полномошниците на оштетените за нивно произнесување и правилно информирање на јавноста. Согласно законите, Јавното обвинителство и адвокатите треба да се грижат за законитост во постапката и да се борат за заштита на законите и на Уставот. Ова сето треба да е во една законита и транспарентна постапка без било која од странките неосновано да нанесе штета на другата странка или судот. Едно е сигурно и треба на сите учесници во постапката да ни биде јасно дека ова судење ќе биде тест за ефикасноста на целиот правосуден систем, тест за фер и правично судење. Оттаму, со професионалното однесување на странките во постапката треба да му се овозможи на судот што е можно побрзо и поефикасно постапување. Сметаме дека заради голем интерес на јавноста, постапката ќе се води транспарентно“, се вели во соопштението 

Адвокатската комора останува отворена за дијалог и соработка и ги повикува сите институции да покажат взаемна почит и воздржаност во меѓусебната комуникација водејќи се исклучиво од принципите на владеењето на правото.

Коцевски претходно реагираше на изјавата на адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска затоа што коментираше колку би траела судската постапка. Тој рече дека тоа се однапред изнесени неосновани тврдења. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија