23 Ноември, 2024
0.0280

АДВОКАТСКИТЕ КАНЦЕЛАРИИ ПОЛНИ СО ПРЕДМЕТИ – граѓани „пиштат“ од Законот за облигациони односи, еве кој сѐ ќе биде погоден

Објавено во: Економија 22 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Не само компаниите, туку пред се многу граѓани ќе „настрадаат“ од контроверзните измени на законите за облигациони односи и за извршување, кои беа донесени во минатата година.

Според информации на Фактор, адвокатските канцеларии во земјава се преплавени со предмети од физички лица, кои ќе бидат оштетени од овие закони, и кои затоа решиле да ја бараат правдата.

Како што за Фактор објаснуваат адвокатите кои се упатени во оваа проблематика, примената на законите за измени и дополнувања наЗаконот за облигационите односи и на Законот за извршување, не само што ќе се одрази негативно на работењето на компаниите во земјава, што, пак, ќе го погоди целото стопанство, како и на самите државни органи и институции, туку, што е можеби најбитно, од примената на овие измени ќе бидат оштетени и многу граѓани кои имаат одредени побарувања, односно се јавуваат како доверители.

Фактор, на база на искуството на правните застапници објавува еден вид анализа со неколку конкретни случаи во кои токму физички лица се јавуваат како доверители во извршните постапки, со посебен осврт на влијанието на примената на овие два закони.

Првиот вид на случаи се постапки за т.н. алиментација односно исполнување на обврска на родители за плаќање надомест за издршка на малолетни деца.

Во овие случаеви, како што објаснуваат познавачите, можат да бидат оштетени директно самите деца.

Како што е познато, вакви постапки често се водат во македонското судство, а се поведуваат согласно член 46 од Законот за смејството, каде е јасно предвидено дека „Родителите имаат право и должност да ги издржуваат своите малолетни деца, и да се грижат за нивниот живот и за нивното здравје“ Постапката по овие предмети се спроведува согласно Законот за семејството, при што најчесто овие постапки завршуваат со правосилна и извршна пресуда, со која родителот е задолжен да плаќа соодветен месечен износ на малолетното дете како надомест за издршка.

Но, како што објаснуваат адвокатите за Фактор, за жал, во овие случаи, најчесто задолжените родители не постапуваат доброволно согласно пресудите и не ги исплаќаат задолжените износи доброволно, при што овие пресуди се многу често предмети на извршни постапки. Специфично за овие пресуди е тоа што со нив е предвидено месечно плаќање на износот за издршка, па извршителите овие пресуди ги извршуваат на месечно ниво со наплаќање на месечно задолжениот износ за издршка, при што оваа пресуда може да изискува спроведување на постапката за извршување за многу подолг период од 10 години.

Адвокатите нагласуваат дека имајќи ги предвид законските измени на Законот за облигационите односи, каде е наведено дека „застареноста на правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган прекинува со поднесување барање за извршување пред надлежен извршител, при што почнува да тече одново застареноста, која во извршната постапка трае десет години од моментот на поднесеното барање за извршување“, многу јасно е дека оваа законска измена ќе им го оневозможи на малолетните деца остварувањето на нивното целосно законско право на издршка од родителите.

Натаму, како втор случај во кој можат да бидат оштетени граѓани, се постапки во кои во услови на несреќен случај настапува смрт, телесна повреда или оштетување на здравјето.

Имено, во несреќни случаи кои за жал ќе доведат до смрт на одредено лице, неговото семејство има право на надомест на штета во форма на парична рента, а во случај на телесна повреда или оштетување на здравјето, самиот оштетен има право на надомест на штета како парична рента. Многу често поради настанатите несреќни случаи, физичките или правните лица се задолжени со правосилни и извршни пресуди на оштетените да им ја надоместат штетата како парична рента, односно да плаќаат точно определен месечен износ како парична рента.

Доколку, пак, не се постапува доброволно по овие пресуди, тие се предмет на извршни постапки, при што, плаќањето на паричната рента може да биде доживотно, како што е наведено и во самиот Закон за облигациони однос, па затоа е и повеќе од јасно дека овие пресуди може и треба да бидат предмет на извршување на неопределен временски период, и дека во овие случаи не може да се ограничи извршувањето на рок од 10 години.

„Но, согласноизмените на Законот за облигационите односи, многу јасно е дека оваа законска измена ќе им го оневозможи на оштетените граѓани остварувањето на нивното целосно законско право на надомест на штета како парична рента. Со ова се потврдува дека предметната законска измена на Законот за облигационите односи е во спротивност со самиот Закон за облигационите односи, конкретно со член 177“, објаснуваат адвокатите.

Како трет многу проблематичен аспект се постапките за остварување на правото на сопственост или сопственичките постапки.

Тие се едни од најчестите кои се водат пред македонските судови. А, не треба ни да се истакнува дека правната заштита на сопственоста на секој граѓанин на земјава, е загарантирана токму со Уставот на земјава, каде во член 8 една од темелните вредности на уставниот поредок е всушност правната заштита на сопственоста, а во член 30 пак се вели дека „се гарантира правото на сопственост и правото на наследување, како и дека никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон“.

Исто така, правната заштита на сопственоста е уредена со Законот за сопственост и други стварни права, каде е повеќе од јасно прецизирано со повеќе членови дека правото на поднесување на тужба заради заштита на правото на сопственост не застарува, или уште поконкретно кажано - правото на остварување на заштита на правото на сопственост не застарува.

Постојат бројни правосилни и извршни пресуди со кои е утврдено постоење на некое сопственичко право или одредена мерка за заштита на правото на сопственост, кои се исто така предмет на извршување. А, со измените на Законот за облигационите односи се предвидува дека „сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, застаруваат за пет години, од моментот на нивната извршност“. Затоа, како што нагласуваат адвокатите, доколку Уставот предвидува дека ова право е темелна вредност на уставниот поредок, а и законски е предвидено дека правото на заштита на сопственост не застарува, со измените на Законот за облигациони односи и предвидувањето на крајно несоодветни рокови за извршување, се нанесува штета на граѓаните, односно со овој закон за облигациони односи целосно се повредува уставното загарантирано право на граѓаните за заштита на правото на сопственост.

Законот им штети на граѓаните и во постапки од работни односи за исплата на плата и други надоместоци од работен однос.

Правото на плата и другите надоместоци од работните односи се со устав загарантирани права на секој граѓанин. Правната заштита на работниците во поглед на платата и другите надоместоци од работен однос е целосно уредена со Законот за работните односи. Но, имајќи ги предвид лошите економски услови во земјава, многу често се водат постаки од работните односи и тоа особено постапки за исплата на неисплатени плати и други надоместоци од работниот однос, како што се придонеси, даноци, регрес за годишен одмор и слично.

За жал, иако споровите од работните односи се итни постапки, сепак тие траат долг временски период, а потоа и самото извршување на овие пресуди трае пчремногу долго, објаснуваат познавачите. Според нив, со измените на Законот за облигациони односи овие побарувања застаруваат за пет години, па со ограничувањето на роковите за извршување, ќе се оневозможи остварувањето на правото на плата на работниците како и на другите надоместоци.

„Навистина нехумано и демотивирачко за вработените кои го вложиле пред се својот труд во извршување на работните задачи, а потоа и максимално се вложиле во работниот спор, на крај да останат без остварување на своето право на плата поради ограничување на многу кратки рокови за извршување. Со измените на Законот за облигационите односи, целосно се повредува уставното загарантирано право на граѓаните за заработувачка“, објаснуваат за Фактор адвокатите кои работат ма овие постапки.

И конечно, овие законски измени многу ќе ги погодат граѓаните и во постапки  од должничко-доверителски односи.

Согласно социјалната економската состојба на граѓаните, често се принудени да побаруваат позајмици при што склучуваат Договори за заеми со кои најчесто е предвидено враќање на долгот на повеќе месечни рати. Поради невратените заеми, граѓаните водат судски постапки кои завршуваат во нивна корист, односно овие постапки најчесто завршуваат со правосилни и извршни постапки со кои должникот е задолжен да ги врати позајмените средства зголемени со камата. За жал,  овие спорови траат долг временски период, а потоа и самото извршување на овие пресуди трае навистина долг временски период.

А, со спорните законски измени се предвидува тие побарувања да застарат за пет години, па со ограничувањето на роковите за извршување, ќе се оневозможи остварувањето на правата на граѓаните како доверители да си ги наплатат сопствените побарувања.

„Имено, можеби некој должник во првите 10 години за време на извршувањето нема да има средства за да се наплати побарувањето, но во наредните 10 години истиот можеби ќе се вработи или на друг начин ќе се стекне со парични средства, а доверителот веќе нема да може да го наплати своето побарување“, објаснуваат адвокатите.

Додаваат дека за граѓаните е демотивирачки, покрај остварената судска заштита која најверојатно траела подолг временски период, на крај да останат без наплата на своето побарување поради  ограничување на многу кратки рокови за извршување, поради што се губи ефектот на судската заштита.

Ова се само неколку примери, но ќе бидат оштетени и други категории граѓани. Дотолку повеќе што е предвидена ретроактивна примена на овие измени, за што веќе се истакна дека е спротивно на Уставот на земјава.

Одлуката на Уставниот суд со која се отфрли иницијативата за преиспитување на членови од овие закони, беше со чудење прифатена од експертската јавноста.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија