01 Септември, 2024
0.0303

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ КУРС ЗА НОВИТЕТИ ВО НЕОНАТАЛНА И ДЕТСКА ХИРУРГИЈА

Објавено во: Мои пари 30 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Во организација на Европската асоцијација на педијатриски хирурзи (EUPSA) деновиве во Скопје се одржува меѓународен курс на тема „Новитети во неонатална и детска хирургија". На овој значаен настан на кој земаат учество еминентни детски хирурзи од цела Европа ќе се презентираат најновите достигнувања во дијагнозата и третманот на вродени аномалии кај новороденчиња и деца.

Нашата земја е домаќин на годинешниот меѓународен настан благодарение на поканата на доц. д-р Ристо Симеонов, детски хирург во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кој воедно е и претседател на Македонското здружение на детски хирурзи.

„Ни претставува особена чест што деновиве ќе имаме можност да ги споделиме најновите сознанија во нашата работа, но и да видиме до каде е развојот на детската и неонаталната хирургија во европски рамки. Задоволство ми е што поканата за предавачи ја прифатија едни од најдобрите детски хирурзи и што ќе имаме можност да бидеме во тек со новите трендови и достигнувања во оваа област“, изјави доц. д-р Ристо Симеонов.

Роботска хирургија во педијатрија, најнови лапароскопски методи во дијагноза и третман, ургентни состојби, вродени аномалии кај новороденчињата ќе бидат дел од предавањата на еминентните детски хирурзи на 15. Меѓународен курс.

Како болница што се стреми постојано да биде во тек со најновите трендови во лекувањето, „Аџибадем Систина“ е поддржувач на овој значаен настан чија главна цел е да придонесе во едукација на медицинските лица од областа на педијатриската хирургија.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Сакам да работам“ до Министерот за спорт: Каква порака испраќате до 10 илјади семејства?

„Сакам да работам“ до Министерот за спорт: Каква порака испраќате до 10 илјади семејства?

Kia Picanto – Еволуција без компромис

Kia Picanto – Еволуција без компромис

Новите Samsung Galaxy Watch се грижат за вашето здравје!

Новите Samsung Galaxy Watch се грижат за вашето здравје!

Што има врска концептот на намалување штети со борба против пушењето?

Што има врска концептот на намалување штети со борба против пушењето?

Водич за родителите - Како да го изберете најдобриот банкарски пакет за вашите деца

Водич за родителите - Како да го изберете најдобриот банкарски пакет за вашите деца

ДЕЛЕГАЦИЈА НА АМБАСАДАТА НА КАЗАХСТАН ВО ПОСЕТА НА „АЛКАЛОИД“

ДЕЛЕГАЦИЈА НА АМБАСАДАТА НА КАЗАХСТАН ВО ПОСЕТА НА „АЛКАЛОИД“

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ГОРАН АНТИЌ ОД КУМАНОВО СТАНА МИЛИОНЕР ОСВОЈУВАЈЌИ 1.782.101 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ГОРАН АНТИЌ ОД КУМАНОВО СТАНА МИЛИОНЕР ОСВОЈУВАЈЌИ 1.782.101 ДЕНАРИ

Како да препознаете лажни содржини креирани со вештачка интелигенција? Веќе е возможно!

Како да препознаете лажни содржини креирани со вештачка интелигенција? Веќе е возможно!

Патувајте без застои: Со постпејд TAG уредот на МТЕЛ нема веќе чекање на патарина!

Патувајте без застои: Со постпејд TAG уредот на МТЕЛ нема веќе чекање на патарина!