01 Септември, 2024
0.0929

Водич за родителите - Како да го изберете најдобриот банкарски пакет за вашите деца

Објавено во: Мои пари 30 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Во текот на целиот процес на растење и воспитување на децата родителите се обидуваат да ги научат децата за вредноста на парите, вложувањето за заработка и леснотијата на трошењето. Најчесто на децата им е тешко да ги разберат овие теми, навидум тие личат како нешто неразбирливо и комплицирано, и најчесто овој тип на финансиски одлуки ги оставаат во рацете на родителите.

Родителите имаат голем удел во финансиската едукација на децата, принципите на трошење и штедење, односно управување со парични средства. Од огромно значење за децата е уште од мали нозе да се запознаат со некои основни поими од финансискиот свет со цел да можат во одреден момент да ја согледаат разноликоста на изборот, соодветно да анализираат и да го одберат вистинското решение.

Изборот на најдобриот финансиски пакет за вашите деца и банката која ќе им биде партнер во текот на нивните средношколски и факултетски денови, а потоа и при првото вработување е важна одлука што може да ги постави темелите за нивната финансиска писменост и идните вештини за управување со пари. Целта е да се најде рамнотежа помеѓу флексибилноста, трошоците и образовната вредност и да се воведат најмладите во светот на банкарството на начин кој е безбеден и едукативен, помагајќи им да развијат силни финансиски навики за живот.

Следејќи ги потребите на младите и нивниот динамичен стил на живот, Халкбанк АД Скопје креираше нов банкарски пакет Halk EZ, кој што е прилагоден на стилот и животните навики на секој современ млад човек. Покрај низата финансиски услуги и поволности, пакетот претставува и платформа за едукација, забава, дружење и вмрежување, а идејата е Halk EZ да прерасне во платформа што ќе овозможи сосема поинакво, брзо и лесно банкарско искуство.

ПакетотHalk EZ (Halk Easy)претставува иновативен банкарски пакет што нуди голем број поволности и динамични содржини за сите корисници на возраст од 16 до 24 години. Пакетот нуди бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa PayWave дебитна платежна картичка без надоместок за годишна членарина, со која може да се повлекува  готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење на истата, и низа иновативни услуги какоGarminPay,SmartSend и SmartCash.

Пакетот е креиран за да одговара на секојдневните потреби на сите млади луѓе, студенти, средношколци и млади претприемачи кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии.

Дополнително, како дел од оваа иницијатива, Халкбанк ќе поддржува и поттикнува финансиска едукација на младите, културно-забавни настани и активности, како и корисни општествено-одговорни практики, пред сè во делот на заштита на животната средина.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Сакам да работам“ до Министерот за спорт: Каква порака испраќате до 10 илјади семејства?

„Сакам да работам“ до Министерот за спорт: Каква порака испраќате до 10 илјади семејства?

Kia Picanto – Еволуција без компромис

Kia Picanto – Еволуција без компромис

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ КУРС ЗА НОВИТЕТИ ВО НЕОНАТАЛНА И ДЕТСКА ХИРУРГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ КУРС ЗА НОВИТЕТИ ВО НЕОНАТАЛНА И ДЕТСКА ХИРУРГИЈА

Новите Samsung Galaxy Watch се грижат за вашето здравје!

Новите Samsung Galaxy Watch се грижат за вашето здравје!

Што има врска концептот на намалување штети со борба против пушењето?

Што има врска концептот на намалување штети со борба против пушењето?

ДЕЛЕГАЦИЈА НА АМБАСАДАТА НА КАЗАХСТАН ВО ПОСЕТА НА „АЛКАЛОИД“

ДЕЛЕГАЦИЈА НА АМБАСАДАТА НА КАЗАХСТАН ВО ПОСЕТА НА „АЛКАЛОИД“

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ГОРАН АНТИЌ ОД КУМАНОВО СТАНА МИЛИОНЕР ОСВОЈУВАЈЌИ 1.782.101 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ГОРАН АНТИЌ ОД КУМАНОВО СТАНА МИЛИОНЕР ОСВОЈУВАЈЌИ 1.782.101 ДЕНАРИ

Како да препознаете лажни содржини креирани со вештачка интелигенција? Веќе е возможно!

Како да препознаете лажни содржини креирани со вештачка интелигенција? Веќе е возможно!

Патувајте без застои: Со постпејд TAG уредот на МТЕЛ нема веќе чекање на патарина!

Патувајте без застои: Со постпејд TAG уредот на МТЕЛ нема веќе чекање на патарина!