20 Декември, 2025
0.0653

Кој е господар на балканското небо? Оваа држава има повеќе од 200 воени борбени авиони - ловци!

Објавено во: Балкан 30 Август, 2024 07:34

Добивај вести на Viber

Грција според флотата воени борбени авиони – ловци е убедива воена супер сила на Балканот. Во оперативна употреба или во причува има над 200 борбени авиони од американско и француско производство, кои според слободни проценки на познавачи, вредат повеќе од 10 милијарди евра.

Грција е балканска воена супер сила од аспект на бројот на воени борбени авиони. Најјужната балканска и наша соседна држава во својата воена ескадрила има вкупно 119 воени борбени авиони F-16 (веројатно најполарниот воен борбен авион Том Кет од филмот „Топ Ган“ н.з.) кои се оперативни и се во борбена готовност. Грција има уште 32 борбени авиони F-16 кои се чуваат во резерва односно причува.

Освен тоа во резерва оваа земја која стратешки е поставена на Медитеранот и е дел од НАТО Пактот има уште 24 воени француски борбени авиони „Мираж“ и 33 американски борбени авиони од генерацијата Ф-4.

За тоа колку е значајна Грција за НАТО пактот доволно говори и фактот што оваа земја е единствена по САД и Израел која ќе го добие најновиот и ултрамодерен воен авион F -35 од компанијата производител Locheed Martin. Испораката треба да започне во 2028 година, а Грција за повеќе од милијарда долари ќе набави вкупно 20 авиони од моделот F-35 A.Во исто време Грција нарача и вкупно 24 француски борбени авиони „Рафал“ од кои половина се нови, а 12 се половни. Воедно има најави дека ќе бидат нарачани уште 20 до 24 борбени авиони од истиот модел од францускиот производител.

Од другите балкански земји најголема воена борбена авијација е соседна Србија. Далеку зад Гргија, но голема воена сила за сите други балкански земји (со исклучок на Романија н.з.). Нејзината воена борбена ексадрила се состои од 31 воен авион. Од нив 14 се руски МИГ -29 од кои 4 летала се српско наследство од СФРЈ, а 6 се донација од Русија и уште 4 се донирани од Белорусија. Таа може да си го дозволи лускузот да има руски воени ловци затоа што не е членка на НАТО пактот. Вреди да се спомене дека Србија е единствена од екс-ју државите кои во својата воена флота ги има и одржува оригиналните југословенски воени ловци „Орел“. Нашиот северен сосед има 14 оперативни авиони од овој тип. За аспирациите на српската држава во доменот на военото воздухопловство доволно говори тоа што веќе се нарачани 12 модерни нови француски воени борбени авиони од типот „Рафал“. Планот е тие да ги заменат руските МИГ-ови. Воедно Србија со Грција преговара да купи 24 франзуски борбени авиони од типот „Мираж“. Станува збор за меѓудржавен дил што се проценува на вредност од една милијарда евра. „Миражите“ треба да ги заменат домашните „Орли“.

И хрватското воено воздухопловство има флота од 6 француски авиони „Рафал“ Ф3Р, а нарачани се уште 6 од овие воздухоплови.

Следна на листата е Словенија која нема ескадрила од воени авиони од класата ловци. Но поседува воени авиони кои можат да носат наоружување.

Босна и Херцеговина нема борбени авиони ниту воздухоплови кои може да носат оружје и да служат во воени цели. Иста е состојбата и со Црна Гора и со Косово. За Косово вреди да се истакне дека е во постапка на преговори од Турција да купи 6 борбени дронови – беспилотни летала од ТБ 2 од реномираниот турски производител „Бајрактар“. И Албанија нема воени авиони, но исто како и Косово набавува борбени дронови од Турција.

Нашата Македонија повеќе нема воени авиони затоа што своите 2 Сухои пред две години ги донираше на Украина. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација