30 Август, 2024
0.0252

Синот на Константин Димитров еден од новите директори на „Номагас“

Објавено во: Економија 30 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Огнен Димитров, синот на професорот од Машинскиот факултет - Скопје, Константин Димитров, инаку еден од најголемите критичари на енергетската политика на минатата власт, стана еден од директорите  „Номагас“, акционерското друштво во државна сопственост за одржување на системот за пренос на природен гас и за гасификација.

За Огнен Димитров може да се пронајде дека доаѓа од Центарот за енергетика, енергетска ефикасност и обновливи извори, каде што неговиот татко е претседател.

Инаку Константин Димитров, редовен критичар на енергетските мерки на претходната власт, е еден од членовите на комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. Огнен Димитров сега ќе биде неизвршен независен член на Одборот на директори.

Инаку претходно двајца колеги од Машинскиот факултет на премиерот Христијан Мицкоски - Маја Аначкова и Стевче Антовски, кој стана познат во јавноста по критиките и обвинувањата кон РЕК Битола  како член на партиската комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, веќе станаа членови на Надзорниот одбор на АД ЕСМ.

Нов директор на „Номагас“ официјално е Мухамет Елмази на местото на Бајрам Реџепи. Елмази е Советник во Советот на Град Скопје, а за него претходно „Левица“ објави дека му е братучед на Изет Меџити, лидерот на „Демократско движење“ од ВЛЕН.

Останати членови на Одборот на директори се Крсте Миладинов, како негов претседател, Бошко Стефановски и Хајриз Бучи. Покрај Реџепи,си заминуваат Рафис Аљити, Бетиане Китиев, Ристо Талевски и Дарко Башоски.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ ГИ НАМАЛИЛЕ ЦЕНИТЕ ВО АВГУСТ - нешто сепак поскапело, а тоа се рибите и морските плодови

ГРЧКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ ГИ НАМАЛИЛЕ ЦЕНИТЕ ВО АВГУСТ - нешто сепак поскапело, а тоа се рибите и морските плодови

Владата усвои нов закон за автопатот Кичево - Охрид, ќе се олеснува асфалтирањето

Владата усвои нов закон за автопатот Кичево - Охрид, ќе се олеснува асфалтирањето

БЕШЕ МИЛИЈАРДЕР „НА ХАРТИЈА“, А ПОТОА БОГАТСТВОТО СЕ СТОПИ - еве како порасна за време на ковидот, но и како падна

БЕШЕ МИЛИЈАРДЕР „НА ХАРТИЈА“, А ПОТОА БОГАТСТВОТО СЕ СТОПИ - еве како порасна за време на ковидот, но и како падна

ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ ЗА ТОА КОЈ И КОЛКУ ЌЕ ПЛАЌА ОД НОВИОТ ДАНОК НА НЕДВИЖНОСТИ - Хрватска вака ќе се бори против празните станови

ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ ЗА ТОА КОЈ И КОЛКУ ЌЕ ПЛАЌА ОД НОВИОТ ДАНОК НА НЕДВИЖНОСТИ - Хрватска вака ќе се бори против празните станови

ОД 5 СЕПТЕМВРИ НЕКОИ ВОЗАЧИ ВО СРБИЈА ЌЕ ПЛАЌААТ ПАТАРИНИ ПО ЗНАЧАЈНО ПОНИСКИ ЦЕНИ - одлични вести за сите оние кои ги имаат овие возила

ОД 5 СЕПТЕМВРИ НЕКОИ ВОЗАЧИ ВО СРБИЈА ЌЕ ПЛАЌААТ ПАТАРИНИ ПО ЗНАЧАЈНО ПОНИСКИ ЦЕНИ - одлични вести за сите оние кои ги имаат овие возила

КИНА СО ИНЗВОРЕДЕН НАПРЕДОК ВО НУКЛЕАРНАТА ИНДУСТРИЈА - пет нови проекти добија „зелено светло“

КИНА СО ИНЗВОРЕДЕН НАПРЕДОК ВО НУКЛЕАРНАТА ИНДУСТРИЈА - пет нови проекти добија „зелено светло“

Перо Антиќ во „Бизнис Муабети“: Во нашата држава немам бизнис, една плата можам да ја потрошам за роденден

Перо Антиќ во „Бизнис Муабети“: Во нашата држава немам бизнис, една плата можам да ја потрошам за роденден

ГОЛЕМА ЗДЕЛКА СЕ СЛУЧУВА ВО ХРВАТСКА, „ПОДРАВКА“ КУПУВА НЕКОЛКУ ФИРМИ - треба да се изјасни и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата, еве зошто

ГОЛЕМА ЗДЕЛКА СЕ СЛУЧУВА ВО ХРВАТСКА, „ПОДРАВКА“ КУПУВА НЕКОЛКУ ФИРМИ - треба да се изјасни и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата, еве зошто

СИТЕ ПАРИ ЗА ТЕНДЕРИ КАЈ НЕКОЛКУ ФИРМИ: ЕСМ, ТИРЗ, ЈПДП со свои „омилени“ оператори

СИТЕ ПАРИ ЗА ТЕНДЕРИ КАЈ НЕКОЛКУ ФИРМИ: ЕСМ, ТИРЗ, ЈПДП со свои „омилени“ оператори