01 Септември, 2024
0.0234

Новите Samsung Galaxy Watch се грижат за вашето здравје!

Објавено во: Мои пари 30 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Допирајќи до страстта за перформанси кај секого, најновите часовници од Samsung  со алатки напојувани со вештачка интелигенција ќе ви помогнат да ја пронајдете најдобрата верзијата од вас. Galaxy  AI повторно во центарот на вниманието и кај овие уреди.

Новите паметни часовници Galaxy Watch Ultra и серијата  Galaxy Watch7 отвораат нови хоризонти за грижа за вашето здравје, каде ќе можете паралелно со своите физички активности во облик на фитнес, стандардни, рекреативни или интензивни тренинзи, да имате детален увид во вашето психо-физичко здравје, кој ќе ви го овозможат функциите со вештачка интелигенција кај овие часовници.

Почнувајќи со Galaxy Watch Ultra, тој е дизајниран за перформанси од следното ниво кои не се само нешто кон што се стремите во спортот. Тоа е начин на размислување што ве тера да го дадете најдоброто од себе во секој аспект од вашиот живот. Со веќе познатиот кружен дизајн на Galaxy Watch, уредот има и нов „јастучест“ дизајн кој додава на робусноста и на неговиот визуелен впечаток. Galaxy Watch Ultra меѓу другото може да следи активности на повеќе нивоа, како што е триатлонот, каде што се следи пливање, возење велосипед и трчање. Дополнително, новиот функционален праг на моќност за возење велосипед прецизно ја мери максималната моќност на оваа активност за само четири минути користејќи FTP метрика засилена со вештачка интелигенција, дозволувајќи им на страстните велосипедисти да го откријат својот уникатен потенцијал. Galaxy Watch Ultra нуди и корисник ќе може да го прилагоди интензитетот на вежбањето, врз основа на сопствените физички можности. 

Чување за здравјето претставува поветеност да го правите она што е добро за вашето тело. Со новата серија Galaxy Watch7 нема само да ги следите вашите здравствени податоци, туку овој уред, благодарение на Galaxy AI, ќе ја претвори вашата статистика во функционален увид за да можете да ја пронајдете рамнотежата во вашите секојдневни навики – од доволно спиење до уживање во оброкот кој ве мами, сето тоа за да можете да бидете најдоброто јас. Серијата Galaxy Watch7 ќе ви овозможи детално следење на повеќе од 100 вежби и градење рутини со комбинирање на различни вежби, сé со цел да ги постигнете вашите цели. Исто така уредот поседува функции со кои ќе можете да ги споредувате тековните и минатите изведби на вежбите во реално време за полесно да го следите својот напредок и да останете мотивирани, како и. функција за детална „снимка“ на телото и физичката кондиција за сеопфатно разбирање на телото.

Ова се само мал дел од перформансите на новите Galaxy Watch Ultra и серијата Galaxy Watch7, уреди создадени да го следат вашето здравје и да го поттикнат најдоброто во вас, создадени според последните достигнувања и иновации во индустријата за паметни часовници. И секако, тие беспрекорно се вклучени во Galaxy екосистемот, овозможувајќи ви сите овие метрики да ги имате и во вашиот Galaxy мобилен телефон.

А кога тренирате, пешачите или трчате, многумина од нас сакаат дополнителен аудио поттик, кој го добиваме, од кого ако не од музиката. Поврзете го вашиот часовник или телефон со слушалки од серијата Galaxy Buds3 која нуди подобрено носење на и интелигентен звук и ќе добиете врвно искуство за слушање. Новиот, ултра елегантен и модерен дизајн на моделите Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro обезбедува постојана удобност и интелигентно оптимизиран звук без разлика колку долго и како ги носите слушалките. Обата модела нудат две наменски форми и тоа, Galaxy Buds3 Pro се наменети да се носат вметнати во ушниот канал за оние кои сакаат побогато звучно искуство, додека Galaxy Buds3 се отворени, за оние корисници кои сакаат да ги користат слушалките во различни средини и подолг временски период. Galaxy Buds3 Pro се опремени со напреден хардвер, за премиум аудио искуство. Тие се одликуваат со напредни двонасочни звучни единици со планарен „високотонец“ за префинет и прецизен опсег на фреквенции, како и со двојни засилувачи за кристално чист звук во движење.

Семејството уреди на Galaxy е тука за вас да ви го олесни животот во секој поглед – и за забава, и за работа, и за спортување.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Сакам да работам“ до Министерот за спорт: Каква порака испраќате до 10 илјади семејства?

„Сакам да работам“ до Министерот за спорт: Каква порака испраќате до 10 илјади семејства?

Kia Picanto – Еволуција без компромис

Kia Picanto – Еволуција без компромис

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ КУРС ЗА НОВИТЕТИ ВО НЕОНАТАЛНА И ДЕТСКА ХИРУРГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ КУРС ЗА НОВИТЕТИ ВО НЕОНАТАЛНА И ДЕТСКА ХИРУРГИЈА

Што има врска концептот на намалување штети со борба против пушењето?

Што има врска концептот на намалување штети со борба против пушењето?

Водич за родителите - Како да го изберете најдобриот банкарски пакет за вашите деца

Водич за родителите - Како да го изберете најдобриот банкарски пакет за вашите деца

ДЕЛЕГАЦИЈА НА АМБАСАДАТА НА КАЗАХСТАН ВО ПОСЕТА НА „АЛКАЛОИД“

ДЕЛЕГАЦИЈА НА АМБАСАДАТА НА КАЗАХСТАН ВО ПОСЕТА НА „АЛКАЛОИД“

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ГОРАН АНТИЌ ОД КУМАНОВО СТАНА МИЛИОНЕР ОСВОЈУВАЈЌИ 1.782.101 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ГОРАН АНТИЌ ОД КУМАНОВО СТАНА МИЛИОНЕР ОСВОЈУВАЈЌИ 1.782.101 ДЕНАРИ

Како да препознаете лажни содржини креирани со вештачка интелигенција? Веќе е возможно!

Како да препознаете лажни содржини креирани со вештачка интелигенција? Веќе е возможно!

Патувајте без застои: Со постпејд TAG уредот на МТЕЛ нема веќе чекање на патарина!

Патувајте без застои: Со постпејд TAG уредот на МТЕЛ нема веќе чекање на патарина!