01 Септември, 2024
0.0303

Како да препознаете лажни содржини креирани со вештачка интелигенција? Веќе е возможно!

Објавено во: Мои пари 29 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Живееме во дигитална ера во која технологиите се повеќе се развиваат, а вештачката интелигенција ја презема главната улога. Со можноста за создавање на слики и видеа, deepfake содржини кои го преплавуваат интернетот и циркулираат низ социјалните мрежи, никој повеќе не е сигурен дали може да верува на она што го гледа и слуша. Овие софистицирани видео и аудио манипулации, стануваат се поголема загриженост бидејќи вештачката интелигенција ги прави пореални и потешки за откривање. И, иако не сите содржини со вештачка интелигенција се создаваат со зла намера, способноста да се знае дали видеото е вистинско или лажно им помага на корисниците да донесат паметни и добро информирани одлуки.

Токму затоа, McAfee и Lenovo, се здружија во заедничка соработка и го создадоа првиот во светот автоматски Deepfake детектор напојуван со вештачка интелигенција, ексклузивно достапен на избрани нови Lenovo компјутери со вештачка интелигенција.

Што претставува McAfee® Deepfake Detector?

·  McAfee® Deepfake Detector ги предупредува луѓето за неколку секунди ако детектира аудио генерирано со вештачка интелигенција во видео, помагајќи им на корисниците да го разликуваат вистинското од лажното.

·  Моќната технологија за вештачка интелигенција на McAfee, изградена имајќи ја предвид приватноста, ги опремува корисниците со напредно откривање на вештачка интелигенција, со стапка на точност од 96%, за да се бори против порастот на измамите, фалсификатите и дезинформациите генерирани од вештачка интелигенција.

·  Достапен сега, исклучиво на одбрани Lenovo AI компјутери, McAfee Deepfake Detector користи Neural Processing Unit (NPU) за да постигне зголемување на перформансите додека ја штити приватноста со обработка на видео податоци на самиот уред.

„Знаењето е моќ, и ова никогаш не било повистинито отколку во светот управуван од вештачка интелигенција во кој живееме денес“, изјави Roma Majumder, виш потпретседател за производи во McAfee. „Повеќе нема да се чудите, дали оваа инвестициска шема на Warren Buffet е легитимна, дали Taylor Swift навистина сака да им подари садови за готвење на обожавателите или некој политичар всушност ги кажал овие зборови? Со McAfee Deepfake Detector одговорите ви се обезбедуваат автоматски и во рок од неколку секунди.”

„Соработката помеѓу Lenovo и McAfee ја комбинира уникатната експертиза на двајца глобални лидери за да испорача иновативни решенија кои им нудат на корисниците поголема доверба во содржината што ја гледаат на интернет“, изјави Igor Bergman, потпретседател на Lenovo Cloud and Software, Intelligent Devices Group. „Податоците покажуваат дека скоро две третини од луѓето (64%) се позагрижени за deepfake содржини сега отколку пред една година. Експертизата на Lenovo како лидер во end-to-end технолошки решенија и совршеното искуство на McAfee во онлајн заштитата со вештачка интелигенција се надополнуваат едно со друго, оптимизирајќи ги хардверските и софтверските способности во корист на корисникот."

"Вештачката интелигенција и сите можности кои произлегуваат со нејзината употреба се уште не се доволно познати за корисниците. Иако во најголем број случаи се користи за добро, често може да доведе до заблуди и ширење на лажни информации. Важноста на препознавањето лажни содржини е клучно денес, и оваа иновација е чекор напред за корисниците да бидат сигурни што е реално а што не. Ние во АИТОНИКС, секогаш целиме кон тоа да ги направиме достапни на македонскиот пазар најновите технологии и иновации. Така што, очекуваме новите компјутери со вештачка интелигенција од Lenovo да бидат достапни и кај нас во блиска иднина." изјави Кирил Смилевски, комерцијален директор на АИТОНИКС АД.

McAfee® Deepfake Detector во моментов е достапен за откривање на англиски јазик на одбрани нови Lenovo компјутери со вештачка интелигенција. Во нашиот регион се уште не е достапен, но се очекува наскоро.

За АИТОНИКС

АИТОНИКС АД е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Бугарија, Србија, Косово). Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нуди компанијата постана клучен фактор во IT секторот во Македонија. АИТОНИКС е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Motorola, Philips, Xerox итн. Освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија.

За повеќе информации за AITONIX и неговите ИТ решенија, посетете ја www.aitonix.mk

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Сакам да работам“ до Министерот за спорт: Каква порака испраќате до 10 илјади семејства?

„Сакам да работам“ до Министерот за спорт: Каква порака испраќате до 10 илјади семејства?

Kia Picanto – Еволуција без компромис

Kia Picanto – Еволуција без компромис

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ КУРС ЗА НОВИТЕТИ ВО НЕОНАТАЛНА И ДЕТСКА ХИРУРГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ КУРС ЗА НОВИТЕТИ ВО НЕОНАТАЛНА И ДЕТСКА ХИРУРГИЈА

Новите Samsung Galaxy Watch се грижат за вашето здравје!

Новите Samsung Galaxy Watch се грижат за вашето здравје!

Што има врска концептот на намалување штети со борба против пушењето?

Што има врска концептот на намалување штети со борба против пушењето?

Водич за родителите - Како да го изберете најдобриот банкарски пакет за вашите деца

Водич за родителите - Како да го изберете најдобриот банкарски пакет за вашите деца

ДЕЛЕГАЦИЈА НА АМБАСАДАТА НА КАЗАХСТАН ВО ПОСЕТА НА „АЛКАЛОИД“

ДЕЛЕГАЦИЈА НА АМБАСАДАТА НА КАЗАХСТАН ВО ПОСЕТА НА „АЛКАЛОИД“

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ГОРАН АНТИЌ ОД КУМАНОВО СТАНА МИЛИОНЕР ОСВОЈУВАЈЌИ 1.782.101 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ГОРАН АНТИЌ ОД КУМАНОВО СТАНА МИЛИОНЕР ОСВОЈУВАЈЌИ 1.782.101 ДЕНАРИ

Патувајте без застои: Со постпејд TAG уредот на МТЕЛ нема веќе чекање на патарина!

Патувајте без застои: Со постпејд TAG уредот на МТЕЛ нема веќе чекање на патарина!