„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“, МЕДИЦИНСКИ ПАРТНЕР НА ФК "ВАРДАР"
Објавено во: Мои пари 12 Јуни, 2024 16:03
Како здравствена институција, која е лидер во превенција и третман на спортски повреди, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од денес ги стави на располагање целокупниот тим и капацитет на болницата на фудбалерите од најтрофејниот македонски клуб ФК "Вардар" и стана нивен медицински партнер.
Д-р Борислав Илиев, специјалист по ортопедија, е дел од тимот што во наредниот период ќе се грижи за здравјето на фудбалерите. Тој изјави дека „Аџибадем Систина“ ќе се потруди да ги обезбеди најдобрите услови за следење и подготовка како што заслужуваат фудбалерите.
„Среќни сме што ние како Клиничка болница 'Аџибадем Систина' ќе им понудиме професионална медицинска помош на фудбалерите во дијагностицирање на повреди, лекување и закрепнување. Ќе направиме сѐ со што би помогнале ФК 'Вардар' да се врати на вистинските патеки. 'Вардар' е бренд што се носи во срцето и нема некој што во земјава не навивал за 'Вардар'. Нашиот медицински тим им стои на располагање и тука сме заедно да одиме кон нови победи“ – изјави д-р Борислав Илиев.
По повод склучувањето на договорот, претставници од ФК "Вардар" го посетија спортскиот центар "Премиум". Спортскиот директор Влатко Колев изрази огромна благодарност и задоволство за остварената соработка.
„Чест и задоволство е да имаме зад нас ваква институција како што е 'Аџибадем Систина', каде што ќе можеме професионално да ги извршуваме сите медицински прегледи и сѐ што ни е потребно, за што подобро да се подготвиме во новата сезона и да го вратиме 'Вардар' на местото каде што заслужува да биде. Секогаш е добредојдена соработка со најдобрите.“
Доказ дека Клиничката болница „Аџибадем Систина“ посветено се грижи за спортистите е фудбалерот на „Вардар“, Матеус Лемос, кој минатиот месец направи операција на предниот вкрстен лигамент. Во тек е неговиот процес на рехабилитација, па тој секојдневно доаѓа на физикална терапија и рехабилитација во болницата. Со помош на нашиот искусен тим и најсовремената опрема со која располага спортскиот центар „Премиум“, очекуваме негово брзо закрепнување и враќање на фудбалските терени.
ПР Објава
Можеби ќе ве интересира
Марија Кумбароска Ванбeсин во „Бизнис-клуб“: „Вештачката интелигенција треба да се разбере како добра алатка која може да се користи за поефикасно и побрзо работење“

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ останува отворена за прием на повредените пациенти
ХАЛК БАНКА: Со донација од 50.000 евра уплатени кон наменскиот фонд од Црвен крст на Македонија, даваме поддршка за семејствата на загинатите и повредените

УНИБанка со донација на болнички материјали за настраданите во Кочани

ЧУВАЈТЕ ГИ СИТНИТЕ ПАРИ – 1 ДЕНАР РАТА ВО CREDISSIMO

Телеком донира 6 милиони денари за помош на семејствата на настраданите во Кочани

ООУ „Александар Македонски“ од Скопје единствено од Македонија ќе учествува на Светскиот шампионат FIRST LEGO League во Грција (ФОТО)

За Кочани, со срце – МТЕЛ Македонија донира 3.000.000 денари и повикува на солидарност

Аџибадем Систина спроведе меѓународен транспорт на повредени лица
