05 Декември, 2025
0.0304

АЕК: При пејд корисниците да ги регистрираат броевите

Објавено во: Мои пари 21 Март, 2013 13:06

Добивај вести на Viber

Агенцијата за електронски комуникации апелира сите корисници на при-пејд броеви во следниот период да ги регистрираат своите броеви, заради лична безбедност и за безбедноста на сите граѓани на Македонија.

Со проектот за регистрација на сите при пејд корисници во државава што АЕК го започна неодамна во соработка со мобилните оператори Т-мобиле, Оне и Вип оператор, веќе е надмината праксата со која до пред извесно време, секој можеше да отиде до најблиската трафика или продажен салон на кој било од трите мобилни оператори и да купи при-пејд сим картичка без притоа да остави какви било лични податоци.

- Повеќе не може да се купи при пејд сим картичка без да се остават лични податоци на корисникот. Причината за започнување на овој проект се податоците и искуствата кои покажуваат дека користењето на нерегистрирани при пејд картички знае да предизвика несакани последици. Неретко истите овие при-пејд картички се злоупотребуваат, се користат како анонимни броеви и ја нарушуваат безбедноста на голем број граѓани, соопшти денеска АЕК.

Регистрацијата може да се изврши со идентификување на претплатникот на продажното место со проверка на податоците од оригинален и валиден документ за идентификација, повикување од страна на претплатникот на посебно утврден број каде истиот ќе може да ги наведе бараните податоци (Т-мобиле - 1233, Оне оператор - 14181, Вип оператор - 140150), испраќање на податоците од страна на претплатникот  преку кратка текстуална порака на посебно утврден број, внесување на податоците од страна на претплатникот преку соодветна интернет страна (веб портал) или друг начин утврден од операторите и/или давателите на услуги.

- Преку спроведување на проектот уште повеќе ќе се унапреди пазарот на електронски комуникации, ќе се зголеми нивото на безбедност на граѓаните, а Македонија ќе се приклучи кон голем број земји од регионот и Европа кои веќе имаат во целост спроведено  таков проект. Важно е сите корисници на при-пејд броеви да покажат поддршка на овој проект и навреме да се регистрираат, бидејќи регистрирањето на при пејд броевите е за општо добро, се вели во соопштението АЕК.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност