„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО
Објавено во: Свет 28 Март, 2024
Доколку американските ловци Ф-16 учествуваат во конфликтот во Украина, полетувајќи од аеродромите во трети земји, тие аеродроми ќе станат легитимна цел на руската армија, предупреди рускиот претседател Владимир Путин.
За време на посетата на регионот Твер, Путин потсети дека борбените авиони Ф-16 можат да носат нуклеарно оружје и нагласи дека Москва „ќе мора да го земе тоа предвид“, пренесува Интерфакс.
Тој рече дека ако борбените авиони Ф-16 бидат вклучени во конфликтот, руската војска ќе ги уништи тие авиони „исто како што ги уништуваат нивните тенкови, оклопни возила и друга опрема, вклучително и повеќе ракетни системи.
Путин оцени дека ловците Ф-16, доколку западните земји и ги испорачаат на Украина, нема да можат да ја променат ситуацијата на бојното поле.
„Русија не планира да војува со НАТО“
Тој исто така рече дека Русија не планира да војува со НАТО. Путин изјави дека тоа е глупост бидејќи разликата во воените трошоци е значителна, наведувајќи податоци дека во 2022 година САД потрошиле 811 милијарди долари за војската, а Руската Федерација 72 милијарди долари.
President #Putin: Russia has no plans to go to war with NATO, this is complete nonsense.
— Russian Embassy in South Africa (@EmbassyofRussia) March 28, 2024
In 2022, the United States spent [on military] $811 billion, and the Russian Federation - $72 billion. Are we going to go to war with NATO at this ratio? Well, this is just nonsense. pic.twitter.com/eeiaqqdlyQ
- Дали во овој однос ќе влеземе во војна со НАТО алијансата? Па, ова е само глупост – рече Путин во обраќањето пред воените пилоти во регионот Твер.
Тој ги нарече глупости приказните за наводните планови на Русија да ја нападне Европа по Украина, наведувајќи дека тоа е чин на заплашување на сопственото население само за да извлече пари од нив, од сопствениот народ. Посебно, вели Путин, во контекст на тоа што економијата се намалува, а животниот стандард паѓа, што е очигледно и сите го препознаваат.
Тој додаде дека американските сателити „се плашат од голема и силна Русија“, но дека нема потреба од тоа бидејќи Русија „нема агресивни намери против овие земји“.

Фото: Принтскрин/Твитер* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.