05 Декември, 2025
0.0525

Аеродромот на вода не е атрактивен за инвеститорите, Охрид ќе куртули!?!

Објавено во: Економија 18 Декември, 2012 08:00

Добивај вести на Viber

Ако се суди по изразувањето интерес за изградба на хидроаеродромот во Охрид, проектот не е доволно атрактивен за домашните и странските инвеститори. Катерина Попоска И покрај напорите на Министерството за транспорт и врски да привлече концесионер кој би го изградил аеродромот на вода во Охридското Езеро, инвеститорите не се многу заинтересирани за проектот. До зацртаниот рок од Министерството-10 декмври, интерес покажала само една компанија. Надлежните не обелоденуваат која е и од каде е компанијата која за сега е единствената која сака да го изгради хидроаеродромот во Охрид. “По објавеното барање за изразување на интерес за учество во меѓународен повик за изградба на нов аеродром на вода на Охридско Езеро до Министерството за транспорт и врски е доставено едно барање за изразување интерес. Барањето ќе биде разгледано и ќе биде одлучено во однос на понатамошната реализација на овој проект за што дополнително ќе ја информираме јавноста“, кусо објаснуваат од Министерството. Извори од Министерството откриваат дека очекувале поголем интерес од инвеститорите за проектот и дека на некоја од следните владини седници ќе одлучат што понатаму во однос на проектот. Како што веќе објави Фактор, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, веќе и на хартија ги прецизира детаљите за проектот, дополнувајќи го текстот на Правилникот за посебните услови за планирање, проектирање, изградба и реконструкција на аеродром. Како треба да изгледа хидроаеродромот? Измените и дополнувањата на овој Правиилник наложуваат минималната должина на пловниот канал за слетување и полетување на хидроавиони да изнесува 1.500 метри, минималната широчина 150 метри, додека минималната длабочина и најголемата дозволена висина на бранови за пловниот канал за слетување и полетување на хидроавиони се одредени со техничките карактеристики на хидроавионот за кој аеродромот на вода е проектиран. Минималната широчина на основната патека за пловниот канал треба да изнесува 300 метри, а должината треба да е за 150 метри поголема од должината на пловниот канал сметано од двата негови краја. Минималната широчина на каналот кој ги поврзува пловниот канал за слетување и полетување со пристаништето треба да изнесува 45 метри, а широчината на неговата основна патека треба да изнесува 75 метри. Според информациите до кои дојде Фактор, на аеродромот на вода треба да се обезбеди и површина за пристанување и закотвување наменета за прифат и отпрема на хидроавиони, патници, багаж и стока како и за паркирање и одржување на авионите на вода. Површината треба да биде доволна за безбедно пристанување и закотвување на потребниот број на хидроавиони, за да се обезбеди сигурно растојание од најмалку 7,5 метри помеѓу хидроавионите и сите други објекти, пишува во новиот Правилник. Владата за сега не одлучила дали ако го гради хидроаеродромот во Охрид ќе бара тоа да го направи концесионер, проектот ќе се реализира преку јавно - приватно партнерство, со што партнерот ќе биде одговорен за имплементација и реализација на проектот. Реализацијата на целиот проект вклучува финансирање, проектирање, изградба, оперирање и одржување на новиот аеродром на вода.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката