АЕРОЗАГАДУВАЊЕ: Граѓаните го заборавија или исчезна?
Објавено во: Македонија 20 Април, 2018 08:22
Откако завршија зимските денови, аерозагадувањето веќе не е топ тема, но дали во перидот кој следи ќе имаме пониско ниво на штетни ПМ 10 честички во воздухот или не?
Од еколошките организации велат дека загадувањето на воздухот останува како проблем, со тоа што кулминацијата ќе следи на есен и во зима.
„Не е точно дека загадувањето го снема. Главен фактор се големиот број на возила кои се стари. Во Битола има многу возила, повеќе возила отколку луѓе. Порано и РЕК беше фактор, но сега мислам дека автомобилите се најголем проблем. Пелистер малку помага кога ќе дувне ветер за расчистување на воздухот. Во летото ќе биде помалку загадено, нема некои бурни промени, но во есен и зима ќе се почувствува загаденоста повторно“ – вели Љубица Балојани, претседател на „Еко жена“ од Битола.

Борис Стојаноски од еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид вели дека во различни региони загадувањето е различно, но треба да се направат напори оваа состојба да се надмине.
„Аерозагадувањето тоа е една приказна која си има континуитет. Ќе има поголем интензитет во зимските месеци поради греењето и издувните гасови од моторните возила. Сега во лето се палат стрништа и тоа секако дека има влијание на воздухот. Треба да има мерки за домаќинствата, и да се постават филтри на фабриките, но да не биде тоа политички“- вели Стојаноски.

Според податоците на мерните станици на Министерството за животна средина, синоќа високо загаден беше воздухот во Тетово и Куманово. Средно загадени беа Гостивар, Битола, делови од Скопје и Кочани. Ниско загадени беа Струмица, Кавадарци, Дебар, Кичево, Велес и делови од главниот град. Во повеќето општини штетните ПМ10 честички се движеа од 50 до 60 на метар кубен, што во зимските месеци се искачуваше и над 200. На 29 јануари годинава Скопје се најде во топ 5 најзагадени градови во светот со што беше достигнат пикот.
Сања Атанасовска
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




