АФЕРА „МИЛКА“: Затворски казни за шверц на говеда од Македонија во Албанија
Објавено во: Агробизнис
26 Септември, 2014 14:39
Добивај вести на Viber
Вкупно 30 лица се осудени денеска во судскиот процес за аферата „Милка“ за шверц на говеда од Македонија во Албанија. Еден од обвинетите доби ослободителна пресуда.
Највисока изречена затворска казна е 8 години и 6 месеци и ја доби еден сточар. Другите обвинети ветеринари, полицајци и сточари добија затворски казни од неколку години.
Во притвор во моментов се наоѓаат 17 лица, а 14 се во бегство. Тие се албански државјани и се први на списокот осудени, но не се достапни за македонските органи.
Според пресудата, групата пренесувала говеда преку граница. Откако прво ќе ги зеле од неколку сточни пазари низ државата, им ги отсранувале или менувале ушните идентификациони маркички и ги транспортирале до граница. Оттаму преку поткуп на граничари стоката ја предавале на албански државјани кои понатаму ја продавале.
Меѓу осудените има и полициски службеници кои примале поткуп за да ја договараат патеката за криумчарење и кои наплатувале по 3,5 евра по килограм добиток.
Пресметките на обвинителството се дека криминалната група на овој начин незаконски заработила два милиони евра. Непознато е каде завршувала стоката откако ќе ја преземеле албанските државјани.
Процесот „Милка“ започна во февруари и траеше осум месеци.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?