Добивај вести на Viber
Дали состојбата во млечната индустрија се враќа во нормала, по аферата со афлатоксинот која го потресе балканот. Во една од водечките балкански млекарници, хрватската Дукат велат дека се стабилизира продажбата, потрошувачката полека се враќа во нормала, и тие очекуваат дека по преземените мерки за враќање на довербата ефектите да бидат видливи. Дукат е присутна на македонскиот пазар со повеќе продукти, од кои секако, најзначајно е млекото.
Од менаџментот велат дека по избивањето на аферата, како и сите млекарници се соочиле со пад на довербата, но за да ја повратата ги засилиле контролите на своите производи.
“Неодамнешната афера со афлатоксините ја разниша довербата кај потрошувачите, но ние делувавме интервентно со преземање на брзи и ефикасни мерки , акценот беше ставен на воведување на двојни контроли бидејќи примарна цел им е здрав, безбедно исправен производ“вели
Горан Нигидон, директор во “Дукат.
Производите сега се сигурни, квалитетни и безбедни. Од Дукат велат дека по скандалот тие интервенирале и во квалитетот на храната со која се храни живината, како и во испитувањата и обезбедувањето сигурни податоци за степенот на присутност на афлатоксин, што веќе дава резултати и на теренот. Во Дукат сега секое литро млеко се контролира двојно.
„Се земаат примероци за анализа за сите потребни параметри и задолжително за афлатоксин. Ако ги задоволува сите параметри тогаш се врши прием, ако не е така, се враќа кај фармерот, или се уништува. Млекото е потполно безбедно и проверено, согласно со домашната и европската регулатива – вели
Аница Боривиќ, директор за контрола на квалитет во млекарницата “КИМ Карловац, дел од групацијата “Дукат.
Инаку, најпогодени од целата афера, беа хрватските фармери. Сега велат дека состојбата се нормализира, но сепак се жалат дека во земјата високи се цените на репроматеријалите, ниска е откупната цена на млекото и нередовна е исплатата.
“Излез од ваквата состојба имаме само со склучување на договори со големите млекарници“ вели
Иван Хубак, фармер од Хрватска, кој токму во договорот со Дукат гледа сигурност за себе и за своето семејство.
Во Македонија афлатоксинот беше пронајден само во еден вид млеко на „Дукат“ по што фирмата го повлече целото количество млеко од рафтовите на продавниците. По речиси две недели млекото беше повторно достапно. Примероците на млеко во кои имаше афлатоксин, како што тогаш известија властите се од пакетите во магацините на царина кои воопшто не стигнаа до македонските потрошувачи.
Овој месец ќе се одржи нова средба на министрите за земјоделство од регионот, на кој ќе се разгледува моменталната состојба со афлатоксините, но како што сега стојат работите, ситуацијата е многу подобрена.
Ј.Ј.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.