АФРИКАНСКИОТ БРАН НЕ СЕ ПРЕДАВА: Цела Македонија и понатаму под вршник
Објавено во: Македонија 13 Август, 2025 06:30
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во Македонија продолжува стабилното, суво, сончево и многу топло време со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен поравец, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Во Скопје и околината исто така времето и понатаму ќе биде стабилно, суво, многу топло и сончево со мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен правец.
Што се однесува до температурите на воздухот, тие ќе бидат многу високи и насекаде ќе надминуваат 30 степени, на многу места тие ќе надминуваат и 35 степени а во Повардарието температурите ќе се искачат до околу 40 степени. И во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 40 степени.
Поради многу топлиот бран од Африка кој условува многу високи температури на воздухот апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.
Врнежи и понатаму нема на видик, што значи дека во текот на целата оваа недела ќе имаме суво и стабилно време насекаде во нашата Македонија.“, напиша тој.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




