Агелер за посетата на Нефју: Тој не е тука да открива имиња за црната листа
Објавено во: Македонија 10 Март, 2023 18:54
Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер вели дека лицата се истражуваат за да може да се донесат соодветни санкции. Вака ја искоментира најавата дека повеќе од едно лице од земјава би се нашло на т.н. црна листа на САД.
Постојат повеќе листи, согласно кои различни лица се истражуваат во различни контексти за корупција.
Таа истакна дека Ричард Нефју, координаторот за антикорупција на американскиот Стејт Департмент, кој денеска беше во посета на земјава, не е дојден за да ги соопшти имињата на лицата што од земјава ќе се најдат на т.н. црна листа на САД за санкции.
„Тој не е тука да открива имиња за црната листа, ниту нешто слично. Туку е тука за да се дискутираат процесите, санкциите, протоколите коишто владата на САД ги има за прашањето за корупцијата“, рече Агелер.
Таа вели дека амбасадата е во постојана комуникација со Вашингтон, кога станува збор за прашањето за корупција.
Нефју, глобален координатор за антикорупција на американскиот Стејт департмент денеска пристигна во Македонија и во текот на денот оствари средби со премиерот Димитар Ковачевски, претседателот Стево Пендаровски и вицепремиерката Славица Грковска. Во соопштението од кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски се вели дека на средбата се разговарало за актуелната состојба поврзана со борбата против корупција и мерките и активностите кои Владата ги презема во насока на системски решенија за справување со корупцијата на секое ниво, вклучувајќи ја и високата корупција. Македонија со години добива критики за справувањето со корупцијата.
фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




