05 Декември, 2025
0.0383

Агенција за храна: Навреме се преземени мерки за контрола на листеријата

Објавено во: Агробизнис 24 Јули, 2014 10:50

Добивај вести на Viber

Агенцијата за храна и ветеринарство со соопштение реагира на вчерашната пресконференција на СДСМ, на која опозициската партија ги обвини државните институции за ненавремена реакција при појавата на опасната бактерија листерија. Во соопштението, тврдењата на социјалдемократите се оценети како „невистинити и тенденциозни“. „Веднаш по добивањето на информацијата за евентуалната поврзаност на случаевите на листериоза со храна (петок, 18.07.2014 година), Агенцијата за храна и ветеринарство изврши увид во неколку фирми, кои беа наведени во епидемиолошката анкета, со цел утврдување на фактичката состојба и преземање на сите неопходни мерки. Со цел потврдување или отфрлање на поврзаноста, земени се мостри за лабораториско испитување и извршена е контрола на активностите на фирмите. Наредниот ден (сабота, 19.07.2014 година) извршени се дополнителни контроли во наведените објекти“, стои во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство. Со цел сведување на ризикот на минимум, од 21.07.2014 година, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, Агенцијата спровела опсежно земање на мостри и од другите производители на храна од животинско потекло (во моментот земени се повеќе од 200 мостри), и спровела сеопфатни контроли во објектите. „Финалните резултати, а не шпекулациите ќе дадат одговор на прашањето кој е изворот на заразата. Причината поради која во првиот круг на контроли се опфатени домашните производители на месни и млечни производи, се заснова на епидемиолошките испитувања спроведени од здравствените власти, при што како потенцијални, но не и дефинитивно потврдени извори се посочени одредени производи од домашно потекло“, појаснуваат од Агенцијата. Агенцијата за храна и ветеринарство тврди дека секоја година спроведува Мониторинг на безбедност на храна на одредени параметри на репрезентативен број на примероци, при што во 2013 година и тековната 2014 година не се утврдени позитивни наоди на листерија. Мониторинг програмата е одобрена и од страна на Европската Унија.  Исто така, согласно Законот за безбедност на храна, сите оператори со храна се должни сами да воспостават и спроведуваат внатрешни системи на безбедност на храна (HACCP) во рамкитe на кои се спроведува и задолжително лабораториско испитување за евентуално присуство на одредени микроорганизми, меѓу кои и листериозата. Што се однесува на увозот на храна, согласно Планот за контрола заснован на анализа на ризик, во текот на 2013 година Агенцијата лабораториски испитала над 4.000 примероци за утврдување на микробиолошката исправност на храната и сите биле со задоволителен резултат. „Листериозата е голем здравствен проблем, пред сé во развиените земји (Европа, Америка и сл). Годишната инциденца на ова заболување во поголем број на земји од ЕУ просечно се движи од 2-10 пријавени случаи на 1.000.000 жители (0,3/100.000 жители). Во последните години, листериоза била пријавена во 23 земји-членки на ЕУ и била петта од најчестите зоонозни инфекции регистрирани во Европа, после Campylobacter, Salmonella, итн. Во 2012 година, бројот на пријавени потврдени случаи на листериоза во ЕУ членките бележи покачување за 10,5 % во однос на 2011 година“, стои во соопштението на Агенцијата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?