17 Мај, 2024
0.0257

Од Агенцијата за храна уверуваат – нема увезено од спорното Алпско млеко во Македонија

Објавено во: Агробизнис 15 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Во Македонија нема увезено од Алпското млеко во кое  се најдени бактерии, тврдат од Агенцијата за храна и ветеринарство.  Спорното млеко „Алпско" со 3,5% масленост, кое е произведено во Тузланската млекарница има со рок на употреба до 17, 19 и 21 февруари 2014 година. Овие лотовите во медиумите беа наведени како небезбедни, поради присуство на т.н. аеробни мезофилни бактерии. Од Агенцијата посочија дека е исконтролирана фирмата увозник и кај неа нема млеко со проблематичните дати. Соопштија дека земале и мостри за испитување, а резултатите ги најавија во понеделник. Исто така велат дека е побарано официјално известување од босанските власти за количеството небезбедно млеко и за точните призводи. Како што потврдија босанските служби, за регионалните медиуми, при вонредна контрола во Тузланска млекарница,  во три пратки Алпско млеко со 3,5% масленост, откриле зголемено присуство на недозволени микроорганизми. Притоа како проблематични се посочија 160.000 литри млеко кое било за извоз. Околу 1700 литри млеко од спорните биле пуштено во употреба, посочуваат надлежните во Босна. Со олед на тоа што во млекото има бактерии кои лесно се уништуваат со пастеризација, се верува дека млекарницата имала дефект на апаратот за пастеризирање. Ваквите бактерии го расипуваат млекото и го менуваат мирисот и вкусот, појаснуват експертите.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?