17 Декември, 2025
0.0457

Агенцијата за вработување го преполови бројот на невработени!

Објавено во: Економија 18 Јули, 2013 15:26

Добивај вести на Viber

Во Македонија нема ниту 100 илјади невработeни - според математиката на Агенцијата за вработување. По половина година пауза, Агенцијата денеска го објави податокот за бројот на невработени лица. По завршувањето на процeсот за пререгистрација, во земјава останале само 96999 невработени лица на крајот на јуни. Од нив 16 се доктори на науки, а 744 магистри. Со високо образование се над 16 илјади. Каде исчезнаа 140 илјади невработени? Според новата евиденција на Агенцијата за вработување, бројот на невработени лица во Македонија е трипати помал од оној што го објави Државниот Завод за статистија кој што во првото тримесечје изброи 284 823 невработени лица. Дури и според АВРМ на крајот на минатата година, пред да започне пререгистрацијата, бројот на невработени бил поголем од 240 илјади. Во новите податоците за прилив и одлив на невработени, објавени денеска на сајтот на Агенцијата за вработување, нема информација каде и како исчезнаа за половина година останатите над 150 илјади невработени лица.

Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар