Добивај вести на Viber
По информацијата дека Србија ќе го зголеми максимално дозволеното ниво на афлатоксин во млекото од 0,05 на 0,5 микрограми по килограм, од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека нема да се менува Правилникот за општите барања за безбедност на храната, односно максимално дозволените концентрации на овој афлатоксин во млекото во државата ќе остане на дозволеното ниво од 0,05 микрограми на килограм.
Во исто време нема да биде забранет увозот на млеко и млечни производи од Србија, односно ќе биде дозволен увоз само на производи кои ги адоволуваат стандардите за квалитет на млекото, согласно со македонскиот важечки правилник.
„Македонското законодавство во делот на безбедноста на храната, во целост е хармонизирано со европското, кое важи за едно од најригорозните кога е безбедноста на храната во прашање, бидејќи само на тој начин можеме да гарантираме и обезбедиме соодветна заштита на македонските потрошувачи“ се вели во соопштението од Агенцијата за храна.
Од Агенцијата потанцираат дека и покрај евентуалната промена во подзаконските акти со кои се зголемуваат максимално дозволените концентрации на афлатоксинот М1 во млекото во Србија, при увозот на млеко и млечни производи ќе се применува македонското законодавство.
„Во Македонија ќе може да се увезуваат само млеко и млечни производи кои ги исполнуваат условите од важечкиот правилник, односно ќе мора да го исполнуваат условот за максимално дозволена концентрација на афлатоксин М1 до 0,05 микрограми на килограм“ информираат од Агенцијата за храна.
Според нив, резултатите од извршените лабораторски испитувања покажуваат дека домашното млеко е безбедно, односно дека производителите произведуваат во рамки на пропишаните стандарди.
„Во меѓувреме останува на сила мерката за задолжително земање на мостри од млеко и млечни производи при увоз, односно забраната за нивно пуштање во промет до добивањето на соодветните резултати“ информираат од АХВ.
Во врска со најавите за формирање на заедничка, регионална лабораторија, од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека засега нема потреба од вршење на лабораториски анализи на домашното млеко во заедничка лабораторија, односно дека ваквиот предлог би бил прифатлив единствено во случаите кога за одреден производ ќе биде побарано вршење на суперанализа.
Агенцијата за храна и ветринарство на Македонија ќе испрати официјално известување до српските власти дека млекото и млечните производи наменети за извоз во Македонија ќе може да се увезат само доколку максимално дозволените концентрации на афлатоксинот М1 не го надминуваат нивото од 0,05 микрограми на килограм.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.