Добивај вести на Viber
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) објави јавен повик за распределба на ветеринарните амбуланти, клиники, односно станици, болниците и ветеринарните служби на одгледувалиште, за спроведување активности од јавен интерес за превенција и сузбивање на заразни болести.
Повикот се однесува за сите епизоотиолошки единици односно општини во Македонија. Ветеринарните друштва ќе може да аплицираат за епизоотиолошки единици во кои имаат регистрирано ветеринарна амбуланта, клиника односно станица или болница, како и за оние кои граничат со нив.
Право на учество имаат сите правни лица кои се регистрирани за вршење ветеринарно-здравствена дејност, како ветеринарна амбуланта, клиника односно станица или болница и ветринарна служба на одгледувалиште. На повикот може да се јават правните лица регистрирани за вршење ветеринарно-здравствена дејност заклучно со денот на завршување на повикот.
Краен рок за доставување на апликациите до писарницата на АХВ е 25 март, до 10 часот, кога ќе се изврши отворање на доставените понуди по овој јавен повик. Во рок од 20 дена од денот на јавното отворање на понудите, Комисијата за спроведување на јавниот повик ќе изврши евалуација на доставените понуди. Во рамки на овој рок, Комисијата може да побара од понудувачите да достават дополнителни информации за појаснување на доставената понуда.
Условите за аплицирање на јавниот повик, се дефинирани во Законот за ветеринарно здравство и се однесуваат на кадровската екипираност (број на доктори по ветеринарна медицина и на ветеринарни техничари), број на животни и одгледувалишта, како и пристапноста до одгледувалиштата во општината за која се пријавиле. Согласно дефинираните критериуми, приоритет во бодувањето ќе имаат ефикасноста и квалитетот на услугата, односно кадровската и техничката екипираност. Повеќе бодови ќе добијат ветеринарните друштва кои имаат регистрирано ветеринарна амбуланта, клиника односно станица или болница во епизоотиолошката единица за која аплицираат.
Од учество во постапката на повикот ќе бидат исклучени апликанти кои не се регистрирани за вршење ветеринарно-здравствена дејност, оние на кои им е изречена мерка на безбедност - забрана за вршење дејност, кои се во стечај или во процес на ликвидација. Во постапката нема да имаат право да учествуваат ниту субјектите кои нема да ги исполнат законски дефинираните услови за стандардите на објектите, просториите, опремата, инструментите и хигиенските услови кои се однесуваат на ветеринарната амбуланта, ветеринарната клиника односно станица и ветеринарната болница.
Јавниот повик и критериумите за распределба се објавени на веб страницата на АХВ
www.ahv.gov.mk, а за подетални информации заинтересираните можат да се обратат на телефонските броеви: 02-2457-893 и 02-2457-873, на факс: 02-2457-893, како и на електронската адреса на Агенцијата
info@fva.gov.mk .
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.