03 Декември, 2024
0.0256

Агенцијата за храна потврди:Нема афлатоксин во домашното млеко

Објавено во: Агробизнис 26 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Според прелиминарните резултати од лабораториските испитувања на дополнителните 25 мостри млеко и преработки од млеко направени во акредитираната лабораторија на Факултетот за ветринарна медицина, потврдија дека домашното млеко и млечните производи се безбедни, односно дека во нив нема присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации пропишани во Правилникот за општите барања за безбедност на храната, информираа денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство. Според информациите од Агенцијата, испитани се репрезентативни мостри млеко и преработки од млеко, земени по случаен избор од прометот, а се чека официјална потврда од Факултетот за ветеринарна медицина, согласно акредитираната метода за испитување на афлатоксини во млекото и преработките од млеко. „За претходните резултати од анализите на млекото и преработките од млеко, за кои викендов Агенцијата за храна и ветеринарство информираше дека се безбедни, добиена е и официјална потврда од страна на Факултетот за ветеринарна медицина“ информираат од Агенцијата за храна. Во меѓувреме засилени се контролите на граничните премини, а од пред десеттина дена на сила е и наредбата за задолжително земање на мостри за испитување на афлатоксини кај увозното млеко и преработките, со што до добивање на резултатите дека производите се безбедни, истите не смеат да се пуштаат во промет, што за граѓаните е една од мерките за гарантирање на безбедноста на овие прехранбени производи. „Заради поголема безбедност, од минатата недела, со измена на наредбата за ветеринарно јавно здравство, сите млекарници во државаа имаат обврска пред да го пуштат во промет, за млекото да обзебдат доказ дека не содржи афлатоксини над максимално дозволената граница од 0,05 микрограми на килограм„ велат од Агенцијата и додаваат дека е засилен е и мониторингот на домашното сурово млеко. „Во ниту една мостра сурово млеко, земени од сите региони во државава во текот на овој месец, ниту со спроведените контроли на суровото млеко во рамки на Националната програма за контрола на резидуи во текот на 2012 година, не е утврдено присутво на афлатоксинот М1„ велат од агенцијата. Во прилог е листата на млекарници од кои се земени и испитани мостри од млеко и преработки од млеко: 1. Кравјо кисело млеко Ил-млек 2. Јогурт Хепи милк 3. Јогурт 180мл Маско комерц 4. Кравјо кисело млеко Маско комерц 5. Биено сирење-Маско вакуум 6. Кравјо кисело млеко-Факултетско стопанство Трубарево 7. Јогурт 3,2% Факултетско земјоделско стопанство Трубарево 8. Кашкавал Ил-млек Чардак 9. Кравјо сирење-Ил-млек 10. Јогурт Ил-млек 11. Кисело кравјо млеко Ил-млек 12. Свежо млеко-Ил-млек 13. Алпи UHT 3,2% 14. Муневере јогурт 3,2%, 15. Алпи јогурт 3,2% 16. Свежо млеко Млекара Тетово 17. Јогурт Млекара Тетово 18. Алпи кравјо кисело млеко 19. Јогурт Дукати натурал 20. Муневере млеко 1l 21. Алпи кравјо млеко 22. Домашен јогурт класик Кри-Кри 0.5L 23. Јогурт Бучен Козјак 0,5л 24. Алпи млеко 3,2% 1Л 25. Битолско 2,8% 26. Битолско 3,2% 27. Алпи 3,2% 28. Здравје Радово 3,2% 29. Здравје Радово 1,5% 30. Овчо сирење Здравје Радово 31. Јока кисело млеко 32. Јока јогурт 3,2%

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.