05 Декември, 2025
0.3110

АГРАРОТ НА КОЛЕНА: Дома сардисани од поплави, а надвор од скапите увозните стоки!

Објавено во: Агробизнис 06 Февруари, 2015 08:04

Добивај вести на Viber

Оваа година наместо очекуваниот пад, цената на пченицата на светските берзи ќе расте, посочува Нардоната банка на Македонија во најновиот извештај за јануари годинава. Вакво сценарио се очекува и за цената на пченката. Како причини за растот на цената на печницата и пченката се посочувааат лошите временски услови во Русија и Украина но и девизниот курс на еврото. Токму поради ваквите случувања НБРМ во извештајот посочува дека следната и натаму се очекува пораст на примарните прехрамбени производи, но тоа ќе биде со позабавено темпо. -Во четвртиот квартал падот на цените на житата беше значително понизок отколку проектираниот во октомври што се должеше на растот на побарувачката на пченка за прихранување, прогнозите за намалено производството во САД, како и на загриженоста од влијанието на неповолните временски услови во САД, Австралија и регионот на Црното Море врз посевите со пченица. Оттука, остварениот пад на цените беше нешто понизок и на ниво на цела 2014 година. Временските услови во Русија, Украина и делови од јужната хемисфера не се оценуваат како поволни за развојот на зимските култури, што би можело да има негативни ефекти и врз приносите. Оттука, за 2015 година се очекува раст наместо пад на цената на пченицата. Исти се и очекувањата за цената на пченката.Треба да се истакне дека големо влијание за растот на цените на житните култури изразени во евра има девизниот курс на еврото, којшто се предвидува дека оваа година значително ќе депрецира. За 2016 година и натаму се очекува раст на цените на примарните прехранбени производи, но со нешто побавно темпо отколку во октомвриската проекција, се посочува во извештајот на НБРМ за јануари 2015 година. zito-600x450 НБРМ во извештајот наведува дека најновите оценки за цените на меѓународно тргуваните примарни прехранбени производи упатуваат на нагорни корекции на цените на житните култури во 2015 година, споредено со сигналите добиени во текот на октомвриските проекции. -Најновите оценки за цените на меѓународно тргуваните примарни прехранбени производи упатуваат на нагорни корекции на цените на житните култури во 2015 година, споредено со сигналите добиени во текот на октомврискиот циклус на проекции.Ваквите промени се направени и покрај високите приноси во 2014 година и апрецијацијата на доларот во однос на еврото, и ги одразуваат и ризиците од намален принос и квалитет на житните култури од јужната хемисфера, како и влијанието врз приносите во 2015 година од невообичаеното студено и суво време во САД и Руската Федерација.Во поглед на проектираното движење на цените во 2015 година,ревизиите на влезните претпоставки упатуваат на надолни ризици главно како резултат на значајната надолна ревизија на очекуваното движење на енергенсите, но при исти појдовни услови и нагорни ревизии на цените на житните култури. Сепак треба да се има предвид големата неизвесност околу идното движења на светските цени на нафтата и можноста за нагли промени кај оваа категорија, се наведува во извештајот. Како случувањата на светските берзи со пченица ќе се одразат во Македонија? Дел од мелничарите коментираат дека доколку ваквите прогнози се оставарат, ќе увезуваме поскапа цена , која што понатаму ќе влијае врз поскапувањето на крајните производи, брашното и лебот. leb Од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија велат не очекуваат нагорни корекции на цената на пченицата. -Мислам дека нема да дојде до зголемување на цената на пченицата на светските берзи. На берзите во регионот цените се намалуваат. Од дрига страна минатата недела Агенцијата за стокови резерви продаде 25.000 тони пченица по поволна цена, што значи не очекувам зголемување на цената на лебот и брашното, вели Николчо Ѓорѓиев, претседател на Групација на мелничко-пекарска индустрија при Стопанска комора на Македонија.  Поплавите уништија голем дел од посевите во најголемата житница Пелагонија Поплавите што изминатиов период ја зафатија Македонија, предизвикаа серозна штета врз есенските посеви. Голем дел од површините со есенска пченица и јачмен во пелагонски и кочанско се под вода. Земјоделците велат дека од поплавените житарици нема да остане ништо. Оваа година поради времето ништо нема да има, од водата се скапа, нема време ниту кога да се сее. Се е уништено и пченица и јачмен, вели земјоделц од пелагониско Токму во Пелагонија состојбата со есенската пченица е најкритична. Извесно е дека производството годинава ќе потфрли, а пролетната сеидба нема да почне навреме, велат агроекспертите. Откако ќе се повлече водата ќе се направи проценка дали на тие ниви ќе може повторно да се сади. -Дефинитивно пролетната седиба ќе задоцни бидејќи не може да влезе во нивите за да се почнат подготовките, а состојбата може и да се влоши бидејќи се најавуваат нови дождови. Да беа временските услови добри, веќе требаше да биде почната седибата на сончогледот, пченката, јачменот, сега се ќе се пролонгира. Ова што сега се случува е многу полошо од тоа што го очекувавме. Само за пример, ако житата се три дена се под вода почнува оштетување на листовите од растението, но после три дена целиот коренов систем скапува. Штетите ќе бидат огромни а лошото е што не можат да се надоместат. Сега требаше да почне прихраната на есенските култури, но не може да се влезе во нивите. Од друга страна постои опасност од појава на болести, штетници. Штом престанат дождовите и кога ќе се повлече водата, треба веднаш да се почне со прскање против плевели и болести, вели Огнен Оровчанец, сопственик на “Агроунија”. prilep poplavi 2015 Засега нема точни податоци колку површините со жита се уништени од поплавите, но се очекува намалено производство, поради што во прашање ќе доведе покривањето на домашните потреби за пченица, кои најверојатно ќе треба да се надополнат од увоз. Според првичните проценки само во Пелагонија штетета е околу 10 милиони евра. Упатените во мелничарската индустрија велат дека проблемот е што и земјите од регионот поради неповолните временски прилики очекуваат намалено производство, што ќе доведе до зголемување на цената на увозната пченица. Евентуалниот пораст на цената на увозната пченица, крајно ќе значи и нови повисоки цени на брашното и лебот, укажуваат мелничарите. Дел од домашните потреби за печница односно околу 150.000 тони се покриваат од узвоз. Според податоците од Државниот завод за  статистика лани заклучно со ноември се увезени близу 190 илајди килограми жита и преработки од жита во вредност од речиси 69 милиони евра.Увозот на жита и преработки од жита за цела 2013 година изнесува нешто повеќе од 73 милиони евра. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?