05 Декември, 2025
0.0421

АГРАРОТ ПОД ВОДА: Уништени посеви на раб на катастрофа!

Објавено во: Агробизнис 13 Октомври, 2015 09:01

Добивај вести на Viber

Обилните врнежи од дожд го поплавија родот со ориз, ја стопираа есенската седиба и бербата на грозјето. Најавата за нови врнежи од  дожд го вратија стравот кај земјоделците за нови поплави кои ќе предизвикаат големи штети во земјоделството производство. Поради обилните врнежи од дожд што изминатиов период ја зафатија земјава, во Кочанско токму сега кога требаше да почне жетвата, голем дел од површините со ориз се под вода. Земјоделците  кои претходно се надеваа дека годинава ќе имаат добар род, сега загрижени велат дека голем дел од посевите се уништени, а штетите допрва ќе се проценуваат.Причината ја лоцираат во неефикасното чистење на тамошната Оризарска река. -Оризарската река се излеа, кога се оди по патот Кочани кон с. Грдовци од левата страна на патот сите посеви се поплавени, голем дел од површините со ориз се под вода. Тој род е веќе 100 процентно уништен,во зрното има многу влага бидејќо 20 до 30 сантиметри од класот е под вода. Ова е катастрофа, ни се случува токму сега кога требаше да почне жетвата на оризот, загубите се огромни. Три пати ја чистеа Оризарска река, ама кој знае како, тоа чистње не дава ефект, вели Мите Ѓорѓиев, производител на ориз од кочанското село Грдовци. Големи штети врнежите од дожд предизвикаа во општината Чешиново-Облешево, каде што  нивите засеани со ориз се под вода. Производителите на ориз стравуваат дека поради  најавите за нови врнежи од дожд нема да успејат да го соберат родот. Очекуваат помош од министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, за да можта да ги ублажат загубите. Стопирана бербата на грозјето Обилните врнежи од дожд ја стопираа бербата на грозјето. Лозарите стравуваат дека не само што не можат навреме да го соверат родот, туку и дека  сега поради врнежите од дожд грозјето ќе има помалку шеќерни единици што пак значи и пониска откупна цена. -Вкавите врнежи од дожд сега се неповолни за лозарството. Бербата на грозјето е прекината веќе пет дена, голем дел од винарските визби сега не откупуваат, буквално имаат ставено клуч на врата на капиите.Овој период вообичано се бере смедеревката и црношијата, но еве не можеме да влеземе во насадите. Овие врнежи од дожд ќе предизвикаат грозјето да има помалку шеќерни единици, а тоа значи и понсика откупна цена, бидејќи токму шеќерните единици годинава се услов за повисока откупна цена. Ние се договоривме годинава откупната цена на вранецот да биде 19 денари за килограм а ана смедеревката 17 денари за килограм, и согласно шеќерните единици, но според моите информации грозјето додека се земаше се откупуваше 13 денари за вранецот и 11 за смедеревката, тоа се катастрофални цени, никаде во свет ги нема. Цената на заштитните  средства секоја година расте, цената на нафтата минимално се намали, но имаме трошоци за работна рака, за придонеси, даноци. Имам 22 хектари со лозје, но од 1-ви јануари до 31 декември во годината едвај врзувам крај со крај, само се покривам, вели Златан Стојчев, производител на грозје од кавадаречкото село Сопот.    Пченицата, пченката,пиперките под вода, есенската сеидба прекината Ништо подобра не е состојбата ниту со житните кулутури. Во пелагонискиот дел поради поројните врнежи од  дожд прекината е есенската седба, а голем дел од посевите со пченка и онаа пченица што веќе е посеана, се уништени, а има поплавени и површини со црвена пиперка. Земјоделците алармираат, надлежните да ја убрзаат постапката за санирање на насипите на реките. -Над 200 хекатри со пченка, црвена пиперка, тутун, се поплавени и уништени. Онаму каде што има засеано печница и таа е уништена. Есенската седиба ја прекинавме бидејќи не можеме да влеземе во нивите. Од оваа сеидба ништо нема да има .Вчера малку дождот стивна, но штетите остнаа. Ќе има површини што воопшто нема да можат ни потоа да се посеат. Јас имам 30 хектари со пченица, и се под вода.Имам и црвена пиперка, и тие површини ми се поплавени и уништени. Ова еднаш ни се случу , сега повторно, затоа што реките не се досанирани. Они само ги чистат, но не ги санираат насипите. Градската река во Прилеп се чисти, но не е санирана, тоа е проблемот. Градска река се влева во Блато па потоа во Црна Река, која се санираше но сега од врнежите од дожд се се изронува, вели Драги Мицкоски, претседател на здружението Аграр од Прилеп. Годинешната  жетва на пченицата беше со преполовени приноси и намалено производство за,  поради поплавите што ја зафатија земјава, особено во најголемата житница Пелагонија. Доколку се пролонгира есенската седиба но и ако површините бидат длабоко уништени од сегашните поплави, и годинава се очекува да се посее помалку жито, што ќе значи и намалено производство на пченица. Поројните врнежи од дожд предизвикаа штети и во други регионо во Македонија. Деновиве имаше пораст на водостоите на реката Вардар на потегот Удово - Демир Капија, како и на нивото на Црна Река во Прилеп, а се излеаја реките во тетовските села Мала и Голема Речица. Најкритично беше во Охрид каде што наврнаа 90 литри дожд на метар квадратен, а поради затнатите канали водата се излеа на улиците во некои делови од градот и поплави голем број куќи, фирми и угостителски објекти.Надлежите уверуваат дека состојбата следи. Нови врнежи од дожд според УХМР се очекуваат овој викенд. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?