Добивај вести на Viber
Обилни дождови ги потопија нивите, вирусот син јазик го коси добитокот- оваа земјоделска година е една од најлошите во изминативе години. Економските штети допрва ќе се пресметуваат.
Речиси и да нема земјоделска култура кај која што нема намалување на родот. Обилните дождови придонесоа за појава на многу болести и штетници кои лошо влијаат врз родот. Најкритично е кај лозарството, бербата е отежната, намалени се шеќерните едници на грозјето, клучни за квалитетот но и за формирањето на откупната цена.
- Овие дождови од изминативе денови воопшто не беа потребни, повеќе направија штета отколку нешто добро. Лозарството во моментов е најзагрозено, ваквите врнежи ги намалија шеќерните единици во грозјето и предизвикаа пукање на зрното кое е поддложно на инфекција. Од друга страна неможноста да се влезе во насадите поради големата влага во почвата, ја отежна бербата, лозарството ја трпи најголемата криза. Тука е и оризопрозводството, оти сега на оризот не му треба сега вода. Ваквите услови предизвикуваат полегнување, а големо количество на влага во почвата ќе значи скапување на родот и отежнување на жетвата,
вели Ангелко Ангелески, агрометеролог од Управата за хидрометеролошки работи.
Експертите за лозарство велат дека намалување на родот има кај сите сорти на грозје.
- Огромните количини на врнежи секако и намалената темература, негативно влијаат врз лозарството. Прво имавме голема влага која овозможи развој на болести, поради што се намали и родот. Голем дел до лозјата кои не беа соодветно заштитени речиси и да не дадоа род. Намалување на родот има дури и кај оние насади кои се соодветно третирани. Сега сеуште се прават анализи на мостри какви ќе бидат последиците. Ова е една од полошите години. Засега има потфрлување на квалитетот, но очекуваме барем малку да се зголемат температурите и грозјето да продолжи да зрее. До овој момент состојбата не е најсјајна но очекуваме да се подобри. Скоро сите сорти се погодени, како винските така и трпезните сорти,
вели професорот од Катедрата за лозарство и винарство при ФЗНХ, Михаил Петков.
Според првичните проценки на терен, лозарите велат дека родот од грозјето е намален за над 50 отсто. Најавуваат дека ќе бараат дополнителни субвенции поради претрпената штета од лошите временски услови.
- Времето неповолно влијае врз виновата лоза, се најавуваат и нови дождови што негативно ќе се одрази и на квалитетот и на приносите. Се очекува намалено ниво на шеќерни единици. Сега на грозјето му треба сонце, тоа е најосновната работа за грозјето. Бидејќи производителите на пченица добија дополнителни субвенции, и ние лозарите планираме да бараме дополнителни субвенции бидејќи времето навистина лошо влијаеше врз виновата лоза, родот е преполовен преку 50 отсто. Веќе имавме преговорр со ресорниот министер. Штетите се огромни од пламеницата која се појави поради временските неприлики,
вели Љупчо Аризанов,
Дождовите го преполовија родот во овоштарството и градинарството
Поројните дождови направија огромништети икај овоштарството и градинарството. Годинава прво градот ги столчи насадите, потоа обилните дождови ги докрајчија. Родот е преполовен, а има и намаување на шеќерноста. Слична е состојбата и кај градинарството и пченицата.
- И кај овошките слична е состојбата како кај виновата лоза, има намалено ниво на шеќерни единици, исто опасност постои од болести и штетници. Кај јаболката ќе има намалување оти претходно имаше оштетување од градот, и ќе има и намален род и квалитет. Градинрството на отворено ги трпи истите шетети како лозарството. Може проблемот со штетници е помал но останува проблемот за неможноста да се влезе во нивите и да се собере родот поради поголемата влага. Но тие се во една подобра позиција отколку лозарите.
Ваквите врнежи влијаат врз намалување на родот и квалитетот. Досега од април до првата половина на септември има паднато повеќе дождови од вкупната годишна просечна сума на врнежи. Годишниот просек е исполнет, а има уште 4 месеци во кои ќе има уште врнежи,
вели Ангелески.
Врнежи прдонесоа и за полегнување на житото и потемнување на зрното, но земјоделците искористија еден период кога немаше врнеже па ја заврсшија жетвата. Но во прашање е довдена есенската сеидба.
- Проблем е сега следната реколта, прашање е колку ќе можат земјоделците да ја совладаат преголемата влага во почвата за да можат навреме да ја подготват почвата за претстојната есенска сеидба, ако се има во предвид дека 15 октомври се оптималните рокови за есенска пченица. Во моментов истекуваат роковите за седиба на маслодајна репка, афионот кој се помалку го има.Она што останува сега е подготовка на површините за есенска седиба, за кои се сомневам дека ќе бидат квалитетно изведени поради влагата,
вели Ангелески.
Болеста син јазик зема замав кај добитокот
Болеста син јазик последниов период зема замав. Бројката на заразени животни е околу 10.000, а над 2.000 животни се угинати. Според проценките бројката на угинати животни се очекува да достигне околу 5.000. Се очекува болеста да почне да смирува дури следниот месец, кога и животниот век на преносителите односно мушичките се намалува. Најпогодени од болеста син јазик се овците.
Болеста син јазик ќе доведе до одредено намалување на веќе намалениот број на добиток. Податоците покажуваат дека во изминативе години бројот на овците, говедата и козите се намалува. Посебно е загрижувачка состојбата со овците, од 817 илјади овци во 2009 година, лани бројката е намалена на 730 илјади овци. Благ пад е регистриран и кај говедата, ако во 2009 година имало 253 илјади говеда, лани бројот е намален на 250 илјади говеда.
Дали ваквите состјби ќе предизвикаат ценовни шокови?
Познавачите велат дека вообичано кога понудата е помала цените на производите се зголемуваат. Дел од експертите велат дека поради критичната состојба во лозарството и веќе зголемените трошоци, можно да се зголеми цената на виното. Но истовремено во прашање е доведено и исполнувањето на зивозните квоти за вино.
- Пазарната економија кажува дека колку е помала понудата толку цената е повисока. Така што можно е да има зголемување на цената на на виното, бидејќи досега трошоците се големи затоа мислам дека може да има зголемување а цената. Не смееме да оставиме ниту едно зрно, мора се да се собере за да се исполнат извозните квоти. Сеуште не може да се кажат конечните резултатите, иако досега има значтелно намалена количина на преработено грозје во однос на една нормална година,
вели универзитетскиот професор Петков.
Дел од агроекономистите велат дека на домашниот пазар нема да има зголемување на цените на производи, но дека граѓаните може да се соочат со намален квалитет на производите. Предупредуваат дека извозот најверојатно ќе се намали.
- Има намалувања на количините, но не очекувам да има пореметувања на домашниот пазар. Мислам дека домашната побарувачка ќе се покрие, но можеби ќе има вонкласни производи, од втора или трета класа со понизок квалитет. Може да се доведе во прашање и обезбедувањето на суровина за преработуваките капацитети. Очекувам да се јави проблем извозот, тука може да има потфрлување, таа намалена количина на производство сигурно ќе се одрази на извозот. Сега треба да се води сметка, ние ги поддржавме производителите на пченица наместо да ги поддржиме тие што претрпеа штетите од лошите временски услови, сега треба да им се помогне, бидејќи на овие земјоделци им е најтешко,
вели агроекономистот Борис Анакиев.
Не е исклучена можноста да има намалување на количините на месни и млечни производи. Со оглед на тоа дека од болеста син јазик најмногу има угинато овци, сточарите стравуваат дека поради намалената бројка може да потфрли извозот на јагниња. Фармерите не ја исклучуваат можноста за зголемување на цените на овие производи, но велат дека нема да се случи ако побрзо болеста се стави под контрола.
Лозарството, овоштарството и овчарството се трите клулни извозно-ориентирани гранки. Лани од извозот на вино е остварен девизиен прилив од над 50 милиони евра. Извозот на јагнешко лани изнесувал над 12,4 илиони евра, а вкупниот извоз на овошје и зеленчук бил во вредност од 193 милиони евра, што е годишен раст од 10,36%. Во период кога еден од најголеите светки пазари-Русија, поради санкциите што има воведено кон земјите челнки на Европската Унија, бара алтернативни пазари за увоз на земјоделски производи, Македонија како аграрна земја ќе се соочи со недостиг на производи за извоз. На терен руските трговци веќе склучуваат договори за увоз на македонските земјоделски производи и бараат килограм повеќе. Домашните производители велат дека не можат во целост да одговорат на барањата на увозниците од Русија.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: