05 Декември, 2025
0.2205

АГРОБИЗНИС: Конзервната индустрија чека странците да ни простат за ланската несериозност!

Објавено во: Агробизнис 05 Април, 2015 09:17

Добивај вести на Viber

Лани индустријата за преработка на зеленчук и овошје откупила за 10 отсто помалку суровина во споредба со претходната 2013-та година, покажуваат податоците од Македонската Асоцијација на преработувачи. Намалениот откуп е поради лошите временски услови во токму во периодот на зреење на културите, а особено штетите беа големи кај  црвената пиперка што е главна суровина во преработувачката индустрија чие што производство беше намалено. Поради намалениот откуп година се очекува и помало производство на преработки од овошје и зеленчук, укажуваат бизнисмените од овој сектор. И годинава од конзервните фабрики стравуваат дали ќе обезбедат доволно суровини за производство. Поради лошите временски услови сеуште не може да почне подготвката на расадот за зеленчукот, што може да ја пролонгирапроизводствената сезона. Поради ваквите случувања агробизнисмените од конзервната индустрија или плаќаат пенали или ги откажуваат договорите. -Македонија стана депо за суровина за земјите на кои им недостасува суровина. Точно е дека се откупи лани помалку суровина, поради лошите временски услови и со ист проблем се соочија и другите земји. Тука настана и проблемот, странските трговци дојдоа и од кај нас откупија големи количини црвена пиперка, а земјоделците нормално за повисока цена дадоа се, не размислувајќи дека можеби годинава тие нема да дојдат па повторно ќе треба со нас да соработуваат. Ако се појави недостиг земјоделците веднаш бараат повисоки цени, лани црвената пиперка на големо во Маекедонија беше 50 евроценти, а на берзите 25 евроценти. Две работи се важни, првата е да најде модус како домашната преработувачка индустрија да не остане без суровива и втората е во случај на недостиг на суровина да се намали царината и да се стопира извозот на суровина, вакви механизми постојат и во другите земји. На тој начин и ние како преработувачи ќе можеме да одговориме и на странските партнери, вели Виткор Петков, сопственик на компанијата Випро. Според податоците од МАП извозот во 2014 година пораснал за 3.000 тони или во вредност за 3,1 милион евра. Но ваквиот пораст се должи на количествата на преработки кои биле на залиха од производната 2013-та година. Минатата година поради намаленото производство и откупот на црно, бизнисмените од конзервната индустрија дел од нарачките од странските увозници, во неможност да ги исполнат, ги откажаа. Владината мерка за бесцарински увоз на црвена пиперка се донесе. Според агробизнисмените оваа мерка е секогаш добредојдена но доколку се  воведе порано. Уште тогаш предупредија дека последици ќе има, бидејќи Европа не признава несериозност во бизнис зделките. Прашање е дали годинава странските партнери ќе сакаат повторно да соработуваат -Добро е што имавме залихи па така ги анулиравме загубите и успеавме зборувам за нашата компанија да ги исполниме договорите со странските партнери. Но имаше и компании кои поради недостигот на суровина не успеаја да ги исполнат нарачките и беа принудени да ги откажат. Ние и тогаш предупредивме дека Европа не толерира несериозност. Нашиот рејтинг е веќе изгубен, тоа беше голем минус за нас, важиме за несериозни партнери, и се очекува годинава интересот од странските партнери да биде намален. Во делот на склулчувањето на договорите со земјоделците за годинава ние веќе имаме склучено договоори со оние со кои постојано си соработуваме, но нема некој голем интерес од земјоделците. За развој на оваа гранка е потребна конзистентна политика, не само да се дваат субвенции, и земјоделците да ги чекаат само субвенциите, потребна ни е отоворена економија како и во другите земји, вели Петков. Според бизнисмените во услови кога се јавува недостиг од суровина, тогаш треба да се намали царината за увоз на суровина, за да можат да го завршат производството. Според проценките на  агробизнисмените вакавата мерка Владата треба да ја воведува секоја година, но таа да почнува 15 –ти Октомври и да трае до почетокот на ноември. Неорганизираното производство и непочитувањето на договорите , се хронични проблеми на преработувачката индустрија. И двете страни меѓусебно се обвинуваат за непочитување или несклучување на договори. Пред секоја нова производствена сезона, земјоделците и бизнисмените седнуваат на заедничка маса за да се договорат кој колку да произведе а кој колку и по која цена да откупи. Деновиве одржаа состанок и повторно начелно се договорија да го зајакнат договорното производство. Извозот на преработки од зеленчук и овошје секоја година бележи пораст. Според податоците од МАП, во 2007 година вредноста извозот изнесувала 26,6 милиони евра, во 2014-та година изнесува 51,2 милиони евра. Сепак агробизнисмените посочуваат дека и оваа вредност на извозот е мала, ако се имаат во предвид климатските и почвените предности што ги има Македонија за производство на суровина за конзервната индустрија. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?