16 Мај, 2024
0.0551

Агробизнисмените бараат транспарентност: Краставиците со пестициди, името на компанијата тајна?!

Објавено во: Агробизнис 14 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Дел од индивидуалните земјоделци и поголемите производители на градинарски производи бараат надлежните да го обелоденат името на извозникот и производителот на краставиците(корнишони) во кои хрватските служби пронајода зголемено присуство на пестицидот хлорпирифос. Сметаат дека сега со тоа што во тајност се држат имињата, сите се ставени во ист кош, што лошо влијае врз понатамошниот извоз на градинарски производи.
Ние сме големи производители. Голем дел од производството е наменето за извоз. Токму затоа сметам дека треба да се знае која фирма го направила тоа со краставиците корнишони. Ваквите состојби лошо влијаат и врз нас другите производители на градинарски производи, оти довербата кај увозниците тешко се стекнува, а лесно се губи. Сега и ние што внимаваме кои пестициди ги употребуваме, а особено внимаваме на начинот на употреба, во ситуацијава сме ставени во ист кош. Сметам дека сите треба особено да внимваат како и колку се употребуваат пестициди, тоа важи и за оние препарати кои се на дозволената листа за употреба,вели Ристо Самандов од оранжериите Еко-Оаза.
Сличен став имаат и индивидуалните земјоделци, и прашуваат зошто надлежните не прават контроли и пред да се извезат производите, за да не се случуваат вакви работи.
За нас индивидуалните земјоделци се лоши ваквите ситуации, оти досега голем дел од нашото производство оди токму на хрватските пазари. При употребата на пестцидите треба многу да се внимава, особено што краставиците и корнишоните се производи кои најмногу се прскаат а имаат по две берби во текот на една недела. Во тек на вегетација овие градинарски култури се прскаат од 10 до 15 пати, но упатсвата за употреба мора да се читаат внимателно, и да се почитува пеиродот на каренца која за овој препарат е околу седум дена. Јас обично употребувам препарати со краток рок на каренца и прскам превентивно а не кога ке настапи болеста оти тогаш залудно. Тој препарат е на позитивна листа, и тука спорното е само што компанијата не го дочекала тој период веројатно во обид да заработи пари оти сега веќе се последните берби. Затоа треба да се каже која фирма е , за увозниците да не не ставаат сите во иста група. Од друга стрна сметам дека е потребна и едукација на земјоделците во овој поглед но и поголема ангажираност на Фитосанитарната Управа кој мислам дека треба да вршат контроли пред да се направи извозот за да не ни се случуваат вакви ситуации, вели Ристо Велков од Регионалниот Сојуз на земјоделци.
Надлежните не го откриваат името на компанијата, единствено е познато дека извзоникот е од Струмица, а оранжеријата од Валандово. Државниот земјоделски инспекторат веќе најави дека има казни за фирмата извозник и произвопдителот на корнишоните. Правното лице ќе биде казнето од 600 до 1.200 евра, а одговорното лице ќе треба да плати казна од 2.000 до 6.000 евра. Дополнително инспекторатот ќе побара забрана за вршење дејност, и тоа за правното лице од 6 месеци до една година, а за одговорното од една до две години. Засега не се откривааат имињата.
Испитувањето на мострите од краставиците кои се вратија, не покажаа присуство на пестицидот, бидејќи тој се разградува за седум дена. Но анализите во Хрватска покажале зголемено присуство, бидејќи извозникот во обид да заработи и да не ја изгуби зделката не внимавал на пропишаните правила за употреба на пестицидот и постапил погрешно. Во краставиците пронајденото количество хлорпирифос е 10 пати поголемо од дозволеното. За да не дојде повторно до ваква работа која може сериозно да нанесе штети врз трговските и економските ралации со земјите каде што извезуваме, ќе бараме да се спроведат казните, за и извозниците и производителите да се дисциплинираат, изјави за Фактор директорот на Државниот земјоделски инспекторат, Румен Стаменов.
Но, иако бараат да се обелодени името на компанијата, сепак од оранжериите велат дека казните не треба да бидат премногу ригорозни.
Треба да има казни но не толку ригорозни. Мислам дека не треба да се спроведе казната за забрана за вршење на дејност опдреден период, оти на тој начин се казнуваат и вработените, тоа значи дека вработените ќе останат без работа. Во однос на паричните казни и тука сметам дека тоа треба да бидат некои симболични суми, мислам дека компанијата веќе ја сватила лекцијата и дека нема да си дозволи уште еднаш ваква грешка, вели Самандов.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство најавија дополителна истрага. Спорната пратка е уништена. Едната пратка беше 8.615 килограми корнишони, од прва класа и а другата 25.510 килограми од втора класа. Од земјоделскиот инспекторат најавија дека во следниве неколку месеци вршат интензивни контроли на терен кај производителите на зеленчук и овошје, и ќе се проверува со кои пестициди е прскано, во колкава количина и колку пати. Градинарството е трета извозно ориентирана гранка, од која до крајот на годинава се очекува девизен прилив од околу 400милиони долар. Голем дел е наманет за пазарите во поранешните југословенски републики, а дел оди и на европските пазари. Токму поради ваквите показатели , упатените предупредуаат дека ситуациите како последната со спорните корнишони, може сериозно да влијаат врз извозот на градинарски производи, бидејќи кога е во прашање безбедноста на храната, важат ригорозни европски регулативи. К.К

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?