„Агрокор“ и Белгијците ќе инвестираат 400 милиони куни во Винка
Објавено во: Агробизнис, Балкан 10 Јуни, 2016 09:40
Хрватскио концерн „Агрокор“ и белгиската „Ардо груп“ потпишаа „Joint Venture“ договор со кој Винка ќе стане водечки производител на замрзнато овојше и зеленчук.
Договорот, вреден 400 милиони куни (53,25 милиони евра) го потпишале претседателот на Агрокор Ивица Тодориќ и оперативниот извршен директор на компанијата Ардо Бернард Хаспеслаг, според кој тие две фирми ќе станат рамноправни сопственици на компанијата Винка, пренесува хрватскиот пословни дневник.
Главната цел на новопечените партнери е Винка да стане водечки производител на замрзнато овошје и зеленчук во источна Европа.
Планот е со значајна инвестиција во зголемување на производните капацитети во наредниот период да се зголеми за четири пати производството на Винка, од постоечките 15.000 на 60 000 тони замрзнато овошје и зеленчук.
Со тоа, со зголемување на капацитетот на прозводството, ќе се отворат и голем број на нови работни места.
Тодориќ предупредил и на хрватскиот проблем со недостаток на работници.
„Ние немаме работници. Бевме во министерството и заводот за вработување бидејќи ни требаат 4000 работници. Од тие 4000 ни се јавија 200 од кои останаа да работат само 40 луѓе. За неверување. Или сами сме виновни што отидовме во тоа министерство“, рекол тој.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





