16 Декември, 2025
0.0280

„Агрокор“ вработува, ама само во Хрватска

Објавено во: Балкан 13 Февруари, 2014 10:30

Добивај вести на Viber

Хрватскиот конзорциум „Агрокор“ ја повторува акцијата за вработување на млади луѓе под мотото „Со работа излез од криза“, која за првпат ја спроведе во 2011 година. Компанијата на својата интернет страница најавува дека има намера од 21 март да вработи повеќе стотици млади луѓе во своите фирми-ќерки „Конзум“, „Јамница“, „Ледо“, „Звијезда“, „ПИК Врбовец“, „ПИК Винковци“ и други. Се бараат млади со или без работно искуство за различни позиции во одделите за финансии, развој, маркетинг, производство на храна и пијалоци и земјоделско производство. Од сите пријавени кандидати, од магистри, економисти и инжинери до продавачи, месари и шофери, „Агрокор“ во првата селекција на тримесечна работа ќе вработи неколку стотици, стои во соопштението од компанијата. Младите на овој начин добиваат работа и можност да го стекнат потребното работно искуство, а „Агрокор“ и неговите компании добиваат нови работници за реализација на своите амбициозни развојни проекти, во кои само годинава ќе бидат вложени речиси 200 милиони евра, додаваат од конзорциумот. На ист ваков оглас пред три години се пријавиле 15.613 кандидати, од кои 1.000 биле вработени на определено работно време од три месеци. „Агрокор“ е присутен со инвестиции и во Македонија, но конкурсот за вработување се однесува само на Хрватска. Оваа компанија во 2011 година отвори откупно-дистрибутивен центар за овошје и зеленчук во Струмица, инвестиција вредна 20 милиони долари, а имаше намера да влезе и во енергетскиот сектор во земјава. Минатата година, магазинот „Форбс“ го прогласи сопственикот на „Агрокор“ Ивица Тодориќ за најбогат човек на Балканот, со проценето богатство од 581,8 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството