„Агротиквешија“: Дел од лозарите чекаат пари за ланското грозје од винариите
Објавено во: Агробизнис 04 Мај, 2013 13:00
Се уште има винарски визби кои не го платиле ланското грозје иако помина законскиот рок во кој требаше да го сторат тоа, информира претседателот на регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија” од Кавадарци, Љупчо Аризанов.
- За жал некои од винарите се уште имаат обврски кон лозарите. А требаше да го платат грозјето до крајот на минатиот месец. Не знаеме точно да кажеме колкава е висината на вкупниот долг што го имаат кон производителите на грозје, но апелираме да го исплатат во најкус можен рок со цел да не се соочат со санкции па во иднина да не можат да откупуваат грозје, рече Аризанов.
Тој нагласи дека на лозаропроизводителите полека им станува јасно кои винарници се несериозни во плаќањето на откупеното грозје па во иднина ќе избегнуваат да го дадат својот род од лозјата кај нив.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





