Ахмети бара целосна еднаквост за влез во Влада
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2016
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на избори со нов Рамковен договор, надграден и проширен со консензуалност во одлуките, економска еднаквост, како и двојазичност на цела територија на државата.
Овие ветувања произлегуваат од 5 – те столба кои лидерот на ДУИ предизборно ги промовираше пред својата младина, пренесува 24 Вести.
Во нив се наоѓаат и стандарните – евроинтеграции, како и исполнување на препораките на Прибе и неограничен мандат на СЈО. Од Мала Речица децидни, оваа платформа не е обид за проширување и надградување на Рамковниот договор ниту за обид бинационализацијата на државата да се протне на мала врата, туку според нив тоа е финалето од рамковните обврски што ги превземала земјава во 2001 година.