Ахмети чека СДСМ да достави писмено дали ги прифаќа барањата од платформата
Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2017 20:10
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по разговорот со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан изјави дека тема било како Македонија да излезе од кризата.
„Можам да кажам дека ставовите ни се идентични“ - вели Ахмети.
На прашањето дали се сретнал со Алијансата на Албанците за да формира влада со ВМРО-ДПМНЕ, она што претходно го тврдеше лидерот на ДПА, Мендух Тачи, тој одговори дека константно разговара со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
„Конечната одлука ќе ја донесе Централното претседателство откако СДСМ ќе достави писмено дали ги прифаќа барањата од платформата. Нормално е да разговарам со Никола Груевски зошто сме коалициони партнери десет години“ - вели тој.
Без да имаат писмени материјали, нема да има потписи од ДУИ.
Декларацијата на
Албанците вели била потпишана во Тирана, затоа што лидерот на БЕСА не сакал на иста
маса да седне со него, и затоа ги повикал
премиерот на Албанија, Еди Рама. Тој кажа дека Платформата не значи дека
бараат Голема Албанија, туку дека тоа се
нормални барања и потреба на граѓаните Албанци.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




