Ахмети вели дека Договорот со Бугарија е црвена линија
Објавено во: Македонија 09 Септември, 2022 21:24
Oд ДУИ велат дека Договорот за добрососедство со Бугарија треба да се почитува и да се спроведува.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети кажа дека Охридскиот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија се многу важни. Договорот со источниот сосед за Ахмети е црвена линија. Ахмети рече дека од овие договори зависи иднината на земјава.
„Ние имаме црвени линии. Да се почитуваат постигнатите договори, договори кои и обезбедија на земјава членство во НАТО, договори кои и обезбедија на земјава отворање на преговори за членство во ЕУ и враќање назад нема“, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
За да се продолжи по патот кон ЕУ, Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот. Што се однесува до изјавата на АА дека вметнувањето на Бугарите во Уставот го условуваат со отстранување на терминот 20 отсто од Уставот за Албанците, Ахмети рече дека тоа е мал проблем.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




