Ахмети и Села ќе го разгледуваат документот добиен од СДСМ
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2017 14:01
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва на Зијадин Села ќе му го презентира документот доставен од Зоран Заев, потврди Арбен Таравари од ДР-ДПА, за ТВ21.
ДУИ веднаш ги почнува консултациите со албанските политички партии откако во текот на вчерашниот ден во партиското седиште во Мала Речица пристигнала пратката од Бихаќка.
Средбата на Ахмети и Села се очекува да биде одржана во штабот на Движењето за реформи – ДПА во Тетово. Засега во голема тајност се крие содржината напишана во документот кој лидерот на ДУИ го бараше од првиот човек на СДСМ, но извори од Бихаќка за ТВ 21 велат дека документот овозможува брзо и непречено собирање на потписите потребни за формирање на влада предводена од Заев.
Од СДСМ не прецизираат дали и на кое ниво се одржуваат состаноци со БЕСА и „Алијанса за Албанците“, но уверуваат дека се во постојан контакт со нив.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




