Ахмети наскоро би можел да биде сменет?
Објавено во: Македонија 18 Март, 2017
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, наскоро би можел да биде сменет, објавија повеќе портали на албански јазик.
За промена на Ахмети активно работеле и неколку странски амбасади, пишуваат медиумите на албански јазик во земјава.
Веста се појави и во австриското издание „Дер Стандард", кое тврди дека тоа „може да биде поради неспособноста на Ахмети да покаже лидерство во партијата". Според изданието, „Ахмети не покажал лидерство не само за време на сегашната политичка криза, но и во времето кога тој беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски". Австрискиот весник тврди дека лидерот на ДУИ не успеал да ја обезбеди и потребната поддршка на меѓународната заедница за надминување на кризата. Во исто време голема способност покажала неговата заменичка Теута Арифи. Токму таа била лидерка во соработката со меѓународната заедница и тоталната промена во позицијата на ДУИ од про-ВМРО во про-СДСМ.