Ахмети: Ние сме дел од мнозинството и нема да го прекршиме договорот
Објавено во: Македонија 21 Март, 2017 18:53
Ние сме дел од мнозинството и нема да го прекршиме договорот, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со еврокомесарот, Јоханес Хан.
Првиот човек на ДУИ вели дека ги дале нивните потписи за парламентарно мнозинство и не планираат да ги прекршат ветувањата.
„Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе ги надоместат разликите и во интерес на државата ќе најдат решение за да продолжат институциите да функционираат. Ние не сме бунтовници да завземаме институции. Се надевам дека ќе се најде начин на мирен начин да се најде прифатливо решение“- изјави Ахмети.
Ахмети рече дека имаат државна и национална одговорност. На сите им порача да бидат внимателни и да инвестираат во функционирањето на институциите. Ахмети очекува дека ќе има резултат каков што очекуваат во ДУИ, но и сите граѓани на Македонија.
Хан денеска е на средба со политичките лидери во земјата. Тој единствено не се сретна со шефот на државата Ѓорѓе Иванов, кој информираше дека неговите ставови се познати.
По завршување на сите средби се очекува Хан да испрати соопштение до медиумите.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




