20 Декември, 2025
0.0708

АХМЕТИ-ПЛОМП: Кои се тешките одлуки кои треба да се преземат?

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2016 18:47

Добивај вести на Viber

Лидерот на Демократската унија за интеграција(ДУИ), Али Ахмети, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Ваутер Пломп.

Во партиското соопштение се наведува дека на средбата, која се одржала во седиштето на партијата во Тетово, Ахмети и Пломп разговарале за ситуацијата по изборите на 11 декември и за иднината на земјата. Ахмети зборувал за потребата од подготовка и одобрување на заедничка платформа на албанските парламентарни партии.

„Претседателот на ДУИ истакна дека партијата многу внимателно ја следи состојбата и е свесна за тешките одлуки што треба да се донесат наскоро, земајќи ги предвид создадените околности. Ахмети нагласи дека јазичната еднаквост, системските реформи, економската еднаквост и интеграцијата остануваат приоритети, но и транспарентноста на судските постапки кои резултираа со дилеми во јавноста“- стои во соопштението од ДУИ.

Во него се додава дека партијата останува посветена на остварувањето на својата политичка програма во согласност со очекувањата на граѓаните во овие „тешки и предизвикувачки времиња“.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки