Ахмети се сретнал со Мицкоски, Тунтев договорил средба со тројца опозициски пратеници
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2018 21:15
Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми ја потврди средбата на лидерот на неговата партија, Али Ахмети со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. „Претседателот Ахмети оствари средби со Зоран Заев и со Христијан Мицкоски. Овие состаноци се одржани по референдумот и во овој момент толку можам да кажам. Бараме и инсистираме на тоа дека решенијата не се исцрпени, се надевам дека во ВМРО ДПМНЕ има одговорни и визионерски фигури“, вели Џеват Адеми, пратеник на ДУИ во гостување на „Алсат М“.
И потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов, кој исто така гостуваше во емисијата
„Патот кон“ на ова ТВ потврди дека првично средбите почнале со пратениците за да се
види нивната подготвеност, а потоа, во случај да е потребно, тие инстанци ќе се
зголемат.
Инаку, вчера СДСМ го ангажираше координаторот на парламентарната група, Томислав Тунтев за да започне преговори со пратениците од опозицијата за поддршка на уставните измени. Тунтев потврди за телевизија Алсат М дека веќе со тројца опозициски пратеници има закажано неформални состаноци без да даде повеќе детали.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




