Ахмети тврди дека клучот за влада е кај Иванов, а не кај нив
Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2017 16:23
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети по денешните консултации со претседателот на државата, Ѓорге Иванов порача дека сите треба да придонесат за излез од кризата и изнаоѓање одржливо решение за иднината и стабилноста на земјата.
Вели дека кај ДУИ бил клучот, но веќе го префрлил него кај претседателот Иванов.
Ахмети кажа дека сите опции за формирање нова влада се отворени.
„Бевме информирани за целиот процес на
доаѓањето до едно решение на нашите прашања и како да
стигнеме до парламентарно мнозинство затоа што
одговорност на сите нас е да изнајдеме прифатливо
решение за да имаме стабилни институции и понатаму да
менаџираме со државата“ - рече Ахмети.
Додаде дека на средбата со Иванов се зборувало и за
политичката ситуација во регионот и пошироко.
Во претседателската вила „Водно“ попладнево шефот на државата треба да има средби и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Консултациите на претседателот со партиите, следуваат по средбата на Иванов со претседателот на Уставниот суд, Никола Ивановски и по средбата со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




