ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
Објавено во: Македонија 19 Декември, 2025 07:30
Потпретседателката и пратеничката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Јована Тренчевска изјави дека резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, која вчера беше изгласана во Собранието, е „неуставна, антидемократска и обид за политичка пресметка со опозицијата“.
Во интервју на ТВ Сител синоќа таа рече дека „во ниту еден дел од резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ нема конкретно објаснување и детали од договорот со Велика Британија“ и дека тоа „уште повеќе го зголемува сомнежот за тајни договори што ги води власта“.
- Каде во резолуцијата е спомнат договорот со Велика Британија? Резолуцијата е само за осуда на опозицијата. Во храмот на демократијата, во Собранието, се носи резолуција со која се осудува опозицијата или, едноставно кажано, се замолчува, за да не ги кажува сите негативности на власта, се она што власта го крие, рече Тренчевска.
Според неа, Македонија ќе биде доведена во ситуација да прими мигранти кои, рече, „нема да поминат безбедносни проверки, со што ќе се загрози безбедноста на државата“.
-Ќе бидеме во ситуација да ни донесат луѓе коишто нема да ги поминат безбедносните проценки. Да направиме дистинкција помеѓу мигранти и луѓе кои побарале азил во одредена европска држава или во Велика Британија и не го добиле азилот од други причини и треба да бидат донесени во Република Македонија. Ако биле добри, зошто не останале во Велика Британија, зошто не им дале азил? Барањето за азил им е одбиено, рече Тренчевска.
Во врска со антикоруптивниот тим на нивната партија и отворената платформа, рече дека „СДСМ ќе продолжи јавно да ги објавува коруптивните скандали на ВМРО-ДПМНЕ“.
За изборот на ново раководство во партијата, Тренчевска кажа дека СДСМ „влегува во нова фаза на политичко зајакнување, со ново раководство кое претставува спој на искуство, нова сила и енергија“.
-Ако ја слушате власта и во 2014 година и сега, тие истото го велат дека тоа не се нови луѓе, дека се стари луѓе, меѓутоа вистината е дека новото раководство заедно со двајцата потпретседатели, заедно со Извршниот одбор, се спој на искуство, на младост, на мудрост и на ентузијазам, рече Тренчевска и додаде дека „токму овој спој е клучот за понатамошните резултати во следниот период“.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир




