ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
Објавено во: Македонија 19 Декември, 2025 07:49
Дел од македонските граѓани искусиле работа во повеќе различни земји, што им помага да стекнат вештини, искуство, професионално да се развиваат, да направат споредба во однос на условите, начинот на работа, платите. Има и такви кои работеле не само во различни држави, туку и на различни континенти. Во пракса ги користеле странските јазици кои ги учеле и работеле во поинаква работна средина.
Тие се во предност во однос на оние кои работеле исклучиво во земјава. Се случува луѓето кои работеле во Хрватска, да отидат на работа во Германија, Швајцарија, Италија, Малта или пак луѓето кои работеле на Блискиот Исток, потоа да бараат работа во европските земји. Илјадници млади луѓе пак работеле на брод.
„Имаат одредена предност, но сѐ зависи од искуството и каде има отворени позиции. Тие работеле во поинаков систем. Предности имаат во однос на познавањето на јазикот, искусиле нов начин на работа, носат искуство со себе. Имаат искуство со поголеми системи, повеќето работат на бродови, имаат поминато добри обуки и се спремни да одговарат на она што го бараат работодавачите. Има такви кадри, дефинитивно. Но, зависи дали сега се достапни тука, затоа што си имаат одредена динамика, одат во странство, потоа пак доаѓаат. Во големите хотели, на бродови, има конкретни правила за самата работна позиција, правила на однесување и тоа се почитува, попрофесионално се одвиваат работите“, објаснува Јулијана Миновска, од агенцијата за посредување при вработување Д Хедхантер.
Од агенцијата за посредување при вработување „Тривити“ велат дека во развиените земји стандардите се построги, а со тоа и кандидатите кои таму работеле се ценети.
„Ако во странство работеле во угостителство на пример, секако дека тоа искуство ќе им помогне и тука. Во однос на развојот што таму го добиваат, секако дека имаат предности. Има различни стандарди. Многу понапредни се поразвиените држави како Франција, Шпанија, Германија, а во регионот, во Словенија и Хрватска има разлики, но пак се блиску до нас. Многу поразличен начин на комуникација има во развиените држави, вработените развиваат меки вештини“, објаснуваат од агенцијата „Тривити“.
Помладите се пофлексибилни во однос на барањето работа надвор од границите на Македонија.
„Ние во средни години, ако одиме во странство сакаме да се стационираме на едно место, но младите немаат проблем да работат во една држава, па потоа да отидат во друга. Ако некој млад човек со такво искуство одлучи да се врати во Македонија, обично си отвора свој бизнис“, додава жена од Делчево.
Со работењето во различни држави, младите учат брзо да се адаптираат, брзо да ги решаваат проблемите, се среќаваат со нови технологии, но и ја зголемуваат мрежата на професионални контакти.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир




