ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ЗЕМЈАВА: Нашиот интерес е да не дозволиме Русија да ја добие војната во Украина
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2024
Новиот француски амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер во интервју за МИА изјави дека соработката меѓу Париз и Скопје постоеше и пред пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, а членството во Алијансата обезбедува дополнителна рамка за соработка и солидарност во областа на одбраната.
„Северна Македонија, која сега треба да ги исполни капацитетните цели што произлегуваат од нејзината обврска во НАТО, може да се потпре на своите односи со Франција и нејзината воена експертиза за модернизација на својата Армија, особено во рамки на Договорот за соработка во одбраната, потпишан на 14 октомври 2022 година. Набавката на системите „Мистрал“ е конкретен пример за силните врски меѓу нашите две земји“, вели Ле Риголер.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.