18 Декември, 2025
0.1099

АХМЕТИ ЗА РАМКОВНИОТ: Сите достигнувања во изминатите 24 години ги направивме заедно, како со ВМРО и со СДСМ, така и со нашите меѓународни пријатели

Објавено во: Македонија 13 Август, 2025 10:46

Добивај вести на Viber

Пред 24 години, Албанците и Македонците си подадоа рака за да изградат нова, рамноправна и интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ, преку Охридскиот мировен договор, гарантиран од Соединетите Американски Држави и Европската Унија, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети во говорот по повод 24-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Ахмети вели „Заедно го изменивме уставот и го усвоивме нормативниот дел од Охридскиот договор, вклучително и службената употреба на албанскиот јазик, националното знаме, високото образование, правичната застапеност и многу други закони.

Изградивме универзитети, училишта, градинки, болници, Коридор 8, патна и подземна инфраструктура, воспоставивме нови образовни, културни и идентитетски институции, ги урнавме границите меѓу нас.

Низ годините, Албанците го водеа Собранието и сите министерства, а се реализира и ветената позиција на првиот албански премиер. 

Нашиот придонес за државата резултираше со добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, членство во НАТО и отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија. 

Од сите овие и многу други достигнувања победи нашата заедничка држава, а никој не загуби. 

Сите достигнувања во изминатите 24 години ги направивме заедно, како со ВМРО и со СДСМ, така и со нашите меѓународни пријатели. 

Овие достигнувања се самата држава, тие се темелот на стабилноста, безбедноста и иднината на нашата земја. 

Затоа, ревизија на заедничките достигнувања не ни е дозволена нам кои сме автори, потписници и спроведувачи на Охридскиот договор. 

Мора да предводиме со државничка одговорност, како државотворни партии, без краткорочни и опасни популистички и изборни калкулации. 

Во меѓувреме, на оние кои ја учеа историјата од телевизиските екрани, кои немаат никаков придонес за националните достигнувања и процеси и кои никогаш не ја добија довербата на народот, туку беа избрани од други да им служат, им велам: 

Храброста после војна и мудроста по говорот НЕ ВРЕДАТ. 

Браќа и сестри, 

Да се познаваш себеси е мудрост, да се управуваш е храброст. 

Затоа, кога се отвора вратата, честа расте. 

Ние се обединуваме, како никогаш порано, фаќајќи се за корените, а не за гранките, не како слуги и ќираџии, туку горди и посветени да одговориме на гласното народно барање за национално достоинство, денес или никогаш! 

Да се собереме сите, млади и возрасни, мажи и жени, четврт векот од Охридскиот договор да не најде исправени и горди како вчера, а не наведнати, омаловажени и потценети, како денес!“, порача тој.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми