05 Декември, 2025
0.1544

АХВ обезбеди 50.000 вакцини против „јазлеста кожа“

Објавено во: Агробизнис 23 Мај, 2016 18:52

Добивај вести на Viber

Агенцијата за храна и ветеринарство набави 50.000 дози од вакцината против болеста „јазлеста кожа“ кај говедата, за итна вакцинација на добитокот во 19 општини во Источна и Југоисточна Македонија.

Со нив ќе се покрие целата популација говеда во региони и општини каде што е присутна болеста.  Ќе бидат опфатени говедата во  општините Демир Капија, Штип, Василево, Радовиш, Босилово, Делчево, Виница, Пехчево, Берово, Ново Село, Струмица, Валандово, Дојран, Македонска Каменица, Гевгелија, Кратово, Конче и Зрновци, Богданци.

„Со цел сузбивање и искоренување на болеста и намалување на ризикот од нејзино ширење, согласно подготвениот план, со вакцинацијата ќе бидат опфатени зоните под надзор и заштитните зони во општините каде има потврдени позитивни грла, како и во областите кои се граничат со овие зони. Ветеринарните друштва кои имаат склучено договор со Агенцијата за храна и ветеринарство се носители на активностите за вакцинација и истите се веќе задолжени со вакцините. Дел од нив, денеска, под надзор на официјален ветеринар почнаа со вакцинација на добитокот против болеста чвореста кожа“- информираат од  АХВ. Со вакцинацијата ќе бидат опфатени сите говеда, без оглед на нивниот пол, возраст и месец на гравидност.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?