Добивај вести на Viber
Негативни се сите резултати од анализите за присуство на опасната бактерија листерија во кумановската фабрика „Екстра Меин“, потврди Агенцијата за храна и ветеринарство.
Анализите што паралелно се правеа во Институтот за јавно здравје и на Факултетот за Ветеринарна медицина покажаа дека присуство на бактеријата листерија не е утврдено во брисевите од работните површини, машините, материјалите кои доаѓаат во контакт со храната, адитивите, како и од готовите производи.
Притоа, сепак, повторно не бил анализиран спорниот примерок на вакумиран свински врат кај кој претходно беше откриена листеријата. Тој ќе чека проверка во меѓународен референтен центар.
Сепак, првиот човек на АХВ Дејан Рунтевски денеска потврди дека при првичната анализа на примерокот не била направена квантификација на количината на бактеријата откриена во овој производ.
„Ние не ги правевме испитувањата на производот земен од малопродажба во Гевгелија, туку Центарот за јавно здравје од Велес. Квантификација на количината на бактерија не е направена, а зошто не е направена не можам да кажам. Квантификацијата е битна за да се види дали производот е безбеден или содржи колонии на бактеријата над дозволеното. Тоа мерење се прави при првичното испитување, оти потоа бактеријата може многу да се намножи и резултатите да не бидат валидни“, вели Рунтевски.
На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести во Министерството за здравство било одлучено до Основното јавно обвинителство да се достават изјавите од Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје од Велес, како и од Институтот за микробиологија. Во писменото соопштение, се нагласува дека Обвинителство ќе добие и изјава од деканот на Факултетот за ветеринарна медицина.
Четири лица починаа во Македонија од листериоза, предизвикана од опасната бактерија, за која точниот извор уште не се знае.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: