Добивај вести на Viber
Агенцијата за храна и ветеринарство ги потврди информациите кои утринава ги објави Фактор, дека кај три од пет пратки пченица увезена од Република Србија, суперанализите пронашле зголемено присуство на тешки метали – олово.
Станува збор за минимални отстапувања од дефинираните максимални вредности пропишани со Правилникот за општите барања за безбедност на храната, поради кои неодамна од страна на Агенцијата беше донесено решение за забрана за нивно ставање во промет.
Спорните количини, кај кои во рамки на задолжителното лабораториско испитување на секоја пратка увезена пченица беше констатирано зголемено присуство на олово, не се пуштени во промет, односно се наоѓаат под надзор на Агенцијата за храна и ветеринарство, информираат од Агенцијата.
Согласно законските одредби, за ваквите количини може да се изврши пренамена, односно истите да бидат пренаменети за исхрана на добитокот, или пак да се вратат во земјата од каде се увезени, како и да се уништат.
Во рамки на редовни активности, Агенцијата за храна и ветеринарство и во иднина ќе продолжи со спроведување на ригорозни контроли и при увоз на пченица, со задолжително вршење на лабораториски анализи за секоја увезена пратка.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: