16 Декември, 2025
0.0563

Кина го возвраќа ударот – ММФ и Светска банка добија конкурент!

Објавено во: Свет 01 Април, 2015 08:28

Добивај вести на Viber

Овој викенд Русија, Холандија и Австралија најавија дека ќе се приклучат на предводената од Кина Asian Infrastructure Investment Bank (AIIB). Членството во банката стана нешто како тест за дипломатското влијание на Кина и САД. Банката за развој се смета за конкурент на постојните институции како Светската банка или Азиската банка за развој.

Кина се соочува со неможноста да го зголеми своето влијание во сега постоечките институции - Пекинг управува само 6,47% од гласовите во Азиската банка за развој, 5,17% во Светската банка, и 3,81% во Меѓународниот монетарен фонд. Затоа Кина одлучи едноставно да си изгради алтернатива. Банката има за цел да ја компензира разликата во финансирањето за потребите на регионот од околу 800 милијарди долари годишно за инвестициите во инфраструктурата, покажуваат податоците на Азиската банка за развој. Се очекува AIBB да почне со работа во текот на оваа година.

Досега над 40 земји се приклучија кон AIIB а крајниот рок за пристапување кон основачите истекува на 31 март. САД и само еден од нивните главни сојузници - Јапонија, остануваат надвор од овој список. САД и други критичари се сомневаат дали предводена од Пекинг институција ќе ги покрива меѓународните стандарди за транспарентност и одржливост на долгот, како и стандардите за заштита на животната средина и социјална заштита, или едноставно ќе се претвори во една од алатките на кинеската надворешна политика. Минатата недела министерот за финансии на Јапонија изјави: "Освен ако Кина не ги расчисти овие прашања, кои не се јасни на сите, Јапонија ќе остане внимателна".

Но, бидејќи се повеќе држави се приклучија на банката, се поверојатно станува AIIB да ги следи меѓународните стандарди, забележуваат набљудувачите, и станува помалку веројатно Кина да биде во можност да користи мултилатерални институции, за да врши влијание во регионот.

Еве ги сите земји кои се приклучија или поднеле апликација за членство во AIIB, освен Шпанија, која потврди на крајот на минатата недела, дека исто така ќе аплицира да биде член, и Јужна Кореја.

kina banka 1

К.К.

Можеби ќе ве интересира

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?