25 Јануари, 2025
0.0292

АИТОНИКС го проширува партнерството со Philips, додавајќи нова категорија производи во своето портфолио!

Објавено во: Мои пари 12 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Македонската ИКТ компанија за дистрибуција и развој на софтверски решенија АИТОНИКС АД го објави проширувањето на своето партнерство со брендот Philips, кое веќе ќе вклучува и широка гама на производи од сегментот “Паметни уреди за домот”.

Philips e компанија позната со богатата историја на иновации и е докажан светски бренд, кој обезбедува супериорни технологии на пазарот, со постојан фокус на одржливост. Комбинирајќи го дизајнот и иновациите со оперативната совршеност и флексибилност, Philips нуди висококвалитетни, паметни уреди за домот кои се лесни за употреба и со софистициран стил.

Досега, соработката на двете компании на македонскиот пазар го покриваше делот производи од категоријата “Tелевизори и монитори”, со кои беа постигнати високи резултати.

"По успехот, постигнат во досегашната соработка со Philips, ова проширување на нашето партнерство е следниот логичен чекор во взаемната стратегија за претставување на достапни иновации на македонските корисници. Воведувањето на новата категорија на производи од сегментот на паметни домашни апарати ќе ни овозможи да ја унапредиме понудата на пазарот, создавајќи дополнителна разновидност, како и нови можности за раст." - изјави Робертино Христов, Product Manager за Philips во АИТОНИКС.

“Успехот на Philips се должи како на визијата во разработката на паметни решенија за домот, така и во градењето на успешна стратегија и успешни партнерства со компании, кои исто така имаат визија, капацитет и know how во дистрибуцијата на овој тип на производи. Во лицето на АИТОНИКС имаме партнер, со кој сме сигурни дека ќе продолжиме да градиме успешна приказна”– изјави Борис Манов, Key Account Manager за Philips.

Деталната понуда на АИТОНИКС како дистрибутер на паметни домашни апарати од брендот Philipsќе вклучува airfryer уреди, кои го забрзуваат, а воедно со тоа и го прават поздраво готвењето во домашни услови, правосмукалки, еспресо машини, генератори и пегли на пареа, како и серија од паметни производи, наменети за домашни миленици.

Производите од Philips се одликуваат со иновации и адаптивност кон потребите на модерните домови. Нивната функционалност и врвна технологија се клучна предност, но воедно со тоа компанијата работи и според принципите на циркуларната економија, рециклирајќи повеќе и користејќи помалку нови ресурси. Сето ова го постигнува преку продолжување на животниот век на производите, користење рециклирани и биоразградливи материјали и олеснување на рециклирањето. Со што, активно го намалува негативното влијание врз планетата и работи за подобра иднина.

За повеќе информации во врска со уредите од Philips, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС АД на 02 329 83 38 или на email адреса sales@aitonix.group.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес