ЕТНИЧКИТЕ АЛБАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА НЕ СЕ ДРЖАВОТВОРЕН НАРОД: Се огласи Најчевска
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2024 09:51
Околу јазикот и полемиките што се појавија деновиве, се огласи и професорката Мирјана Најчевска.
„Етничките Албанци во Македонија не се државотворен народ. Тие историски биле против Македонија и во повеќе наврати низ историјата го манифестирале ова.
Етничките Албанци во Македонија се етничко и јазично малцинство кое треба да ги има сите права согласно меѓународните акти и на кое треба да му биде зштитен јазичниот и културниот идентитет согласно меѓународната регулатива без нарушување на унитарниот карактер на Македонија (што е потенцирано и во мировниот договор од Охрид).
Мислам дека е време да се промени Преамбулата на Уставот.
Историски државотворен народ на Македонија се единствено Македонците и сите оние кои себе се перципираат како Македонци. Сега Македонија е граѓанска држава во која сите индивидуи имаат исти права и слободи а етничките и јазичните малцинства имаат посебна зштита во однос на нивниот јазичен и културен идентитет.
Јас не гледам на кој начин е загрозен албанскиот јазик во држава во која сите нивоа од образованието се одвиваат на албански јазик, во кона постојат културни институции на албански јазик и во која може да се зборува и твори на албански јазик.
Јас лично сметам дека етницитетот треба да стане дел од приватната сфера и ќе се борам за тоа затоа што верувам во Земјата како заеднички дом на сите луѓе, меѓутоа тоа не го менува историскиот факт на тоа кој е државнотворен народ во Македонија“, напиша таа.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




